Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

Нема ново задолжување со денешната аукција

Нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 11,3 милиони денари (184,5 илјади евра). Имено, на аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,9 милијарди денари (30,9 милиони евра), од кои утре ќе се врати приближно ист износ или  1,9 милијарди денари (31,1 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1,3 милијарди денари со камата од 0,90%, 2-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 450 милиони денари со камата од 0,90% и 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 150 милиони денари со камата од 1,30%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1,6 милијарди денари со камата од 1,85% и 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 311,4 милиони денари со камата од 4,60%.

Во текот на месец декември по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 3,2 милијарди денари или 52,4 милиони евра.

Извор: https://www.finance.gov.mk/mk/node/7714

 

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre