Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

Национален форум: Промовирање на извештај за владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој

Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Здружението ЕСЕ и Коалиција Маргини, со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) организираше национален форум за презентирање на извештајот за имплементирањето на оддржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“.

Целите за одржлив развој (SDG's) претставуваат глобален повик за акција на ОН за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда. Притоа,  пристапот до правда е препознаена како посебна оддржлива развојна цел, чија имплементација директно придонесува за економскиот развој на општеството.

Националниот форум се оддржа на ден 14ти февруари 2019 година, од 12:00 до 14:00 часот и на истиот беа презентирани главните наоди од извештајот, на кој учество земаа над 40 претставници на владата, министерствата, институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.

Read more...

Консултативен процес на високо ниво со цел трансформација на здравствениот систем

ЕСЕ е дел од настанот одржан со цел за постигнување на универзална покриеност со здравствена заштита, со фокус на човечките ресурси во здравствениот систем. Настанот е организиран од МЗ во соработка со СЗО, а учествуваа и претставници од Министерствата за здравство на Бугарија, Албанија и Црна Гора. На настанот се дискутираше по однос на мерките кои треба да се преземат со цел зајакнување на човечките ресурси во здравството, со фокус на примарното ниво. И истиот има цел да се обезбедат достапни и квалитетни здравствени услуги за населението.

 

 

 

Промовирање на цел 16.3 и потребата за нејзино имплементирање во нашето општество

Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, заедно со Коалицијата Маргини и финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), инициравме процес на промовирање на цел 16.3 и потребата за нејзино имплементирање во нашето општество. За таа цел, во текот на минатата година беше подготвен основен извештај за состојбите со владеењето на правото и пристапот до правда во нашата држава. Токму за оваа проблематика зборуваме и за Види Вака.

 

Реакција на информацијата објавена од Министерството за труд и социјална политика на РМ за усвојување на Оперативниот план за вработување за 2019 година со издвојување на рекордни 1,1 милијарда денари

 

На 05.02.2019 година, Министерството за труд и социјална политика, објави информација во која наведува дека Владата на РМ го усвоила Оперативниот план за вработување за 2019 година, а за оваа намена од буџетот на државата издвоила „рекордни 1.1 милијарда денари“ наменети за преквалификација и до едукација на невработени лица.

Би сакале да ја информираме јавноста дека средствата кои се издвоени за спроведување на активните политики за вработување за 2019 година, не претставуваат рекорден износ на средства кои досега се издвоени за оваа намена, односно претставува само зголемување од 5% во однос на 2018 година, кога биле извоени 1.045.794.835 денари. Па така, од ваквата минимална промена во износот на издвоени средства, не може да се очекува некое значително зголемување во опфатот на крајни корисници со предвидените мерки за вработување во однос на претходните години.

Read more...

Реакција на изјавата за медиуми на Министерот за здравство, д-р. Венко Филипче дадена по повод светскиот ден за борба против карциномот на 04.02.2018

Министерот за здравство, д-р, Венко Филипче, во изјавата дадена за медиумите по повод „Светскиот ден за борба против карцином“ вели дека со цел намалување на стапката на смртност од карцином, министерството ќе превземе активности за набавка на нови мамографи и укинување на партиципацијата за лекување.

Здружението ЕСЕ смета дека ваквиот пристап на министерството, во изнаоѓање на решенија за намалување на стапката на смртност од карцином, ќе создаде дополнителен финансиски товар на и така несолвентниот здравствен систем, како и дополнително оптоварување на терциерното ниво на здравствена заштита. Затоа препорачуваме да се превземат конкретни чекори, односно да се изработат апликативни политики, за зголемување на износот на средства, кои од буџетот на министерството, ќе се издвојуваат за превентивна здравствена заштита и подобрување на нивото на имплементација на усвоените мерки. Па така, за организиран скрининг на карцином на грло на матка да се издвојат 884 илјади ЕУР на годишно ниво (само 0.8% од вкупниот буџет на министерството), да се обезбедат државни специјализации за гинеколози во примарна здравствена заштита кои ќе работат во места каде нема или пак нема доволен број на гинеколози, да се обезбеди едукација на лица кои ќе вршат цитолошки прегледи, да се подобри здравствена статистика, да се координира организираниот скрининг на карцином на грло на матка, итн.

Read more...

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre