Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

Конференција за печат - Сегашноста и иднината на правото на пристап до информации од јавен карактер во Р. Македонија

Информација за медиуми

Наслов: Сегашноста и иднината на правото на пристап до информации од јавен карактер во Р. Македонија

На ден 28 септември 2017 година  (четврток) во МЕТАНОЈА литературно кафе, Скопје со почеток во 11:00 часот, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) во соработка со Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) и Центарот за економски анализи (ЦЕА), одржаа конференција за печат под наслов „Сегашноста и иднината на правото на пристап до информации од јавен карактер во Р. Македонија“. Со оваа конференција за печат го одбележавме меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имам право да знам”.         На конференцијата за печат Здружението ЕСЕ го промовираше краткиот документарен филм под наслов “Колку се транспарентни јавните институции во РМ”, а пак за време на истата се обратија м-р Дарко Антиќ, координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети од Здружението ЕСЕ; и Игор Митевски, помлад економист од ЦЕА. 

И по 11 години од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер граѓаните, граѓанските организации и новинарите сеуште се соочуваат со пречки во пристапот до информации од јавен карактер, а пак јавните институции се позатворени за јавноста.

  Во таа насока, а со цел унапредување на пристапот до информации со кои располагаат јавните институции во РМ, ЕСЕ, БИРН и ЦЕА бараат од Владата на РМ да:

-  го избрише став 23 од Упатството за начинот на трезорското работење;

- воспостави систем за објавување на сите трансакции направени преку трезорските сметки на сите јавни институции во реално време (on line трезор);

- го збогати буџетските документи со презентирање на аналитички конта;

- ги објави сите програмски и буџетски документи со кои располагаат јавните институции на нивните интернет страници;

- ги зајакне капацитетите на општините за примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

- го промовира правото за слободен пристап до информации од јавен карактер;

- осигури редовно ажурирање на официјалните интернет страници на општините и зајакнување на интерната комуникација помеѓу листа кои работат во општините;

- осигури дека сите институции задолжително ќе назначат лице за посредување со информации од јавен карактер, кое ќе биде запознаено со обврските кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и ќе дејствува во насока на обезбедување на поквалитетни одговори;

- да се доделат поголеми овластувања на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во насока на преземање на чекори за санкционирање на институции кои одбиваат да дадат информации;

- се усвои детални насоки за тоа што значи личен податок во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер; што значи класифициран податок; и како може некој податок да се класифицира.

Со усвојување на барањата ќе бидат надминати основните пречки идентификувани од трите организации во пристапот до информации од јавен карактер како што се:

-          Министерството за финансии, и по 11 години, информациите за трошењето на средства од буџетот на РМ ги смета за тајни податоци повикувајќи се на точка 23 дел IV од Упатството за начинот на трезорско работење;

-          Институциите на национално ниво се понетранспарентни од институциите на локално ниво;

-          Јавните институции ги користат своите овластувања и законските недоречености за заобиколување на постапката на слободен пристап до информации од јавен карактер и избегнување да обврската да споделат информација за своето работење. Најчесто институциите ги одбиваат доставените барања по образложение дека бараните информации се класифицирани, содржат лични податоци, или пак дека не располагаат со бараната информација;

-          Бирократските постапки за слободен пристап до информации од јавен карактер се долги макотрпни, а пак исходот од нив не е секогаш позитивен и задоволителен за барателот;

-          4 од 54 јавни институции се оценети како реактивно нетранспарентни институции, односно институции кои целосно го кршат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер;

-          18 од 54 јавни институции се оценети како институции кои делумо го почитуваат законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

-          21 од 22 институции се не објавуваат податоци за своето програмско и буџетско работење, односно се оценети како проактивно нетранспарентни институции;

-          континуирано се зголемува бројот на барања за информации од јавен карактер по кои јавните институции молчеле (во 2016 година биле поднесени 619 жалби поради молчење на јавната администрација, во 2015 година биле поднесени вкупно 961 жалба, во 2014 година биле поднесени 785 жалби, а пак во 2013 година 428);

 

-          едукативните работилници што ги спроведува КОМСПИ не придонеле кон унапредување и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер што се потврдува со податоците изнесени претходно;

-          12 од 22 јавни институции, во 2016 година, на својата интернет страница немаат објавено листата на информации од јавен карактер, а пак КОМСПИ не располага со информации за тоа колку јавни институции ја имаат објавено и ја имаат ажурирано Листата на информации од јавен карактер. Иако за необјавување или пак неажурирање на листата на информации со кои располага институцијата, одговорното лице предвидено е да биде казнето со парична казна (член 42 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер);

-          10 од 22 јавни институции, во 2016 година, на својата интернет страница немаат објавено информации за лицето назначено како одговорно за посредување со информации од јавен карактер, а пак КОМСПИ не располага со информации за тоа колку јавни институции ја имаат објавено и ги имаат ажурирано овие информации;

-          Во просек 26% од општините во РМ не одговараат на поднесени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Со почит,

Дарко Антиќ

Координатор на програма за мониторинг и анализа на буџети

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

+389 2 3298 295

Информација за медиуми

 

 

Fiscal Transparency

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre