Не Ви го честитаме 8 Март бидејќи…

Не Ви го честитаме 8 Март бидејќи живеете во земја каде:

  1. Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог;

  2. Затоа што половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничен пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита;

  3. Затоа што Министерството за здравство не ја покрива партиципацијата за сите породувања во јавните здравствени установи во земјата;

  4. Затоа што за пет години умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари;

  5. Затоа што жените, сексуалните и родовите малцинства се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат;

  6. Затоа што правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува;

  7. Затоа што во период од 5 години се убиени 70 жени во земјава, од кои што 51 се жртви на фемицид;

  8. Затоа што државата не превзема конкретни мерки за поддршка на жените жртви на семејно насилство откако ќе излезат од кругот на насилството;

  9. Затоа што институциите не се транспарентни;

  10. Затоа што е висока стапката на невработеност;

  11. Затоа што жените не се заштитетни од сексуално вознемирување при работа;

  12. Затоа што голем број судски постапки за семејно насилство немаат разрешница;

  13. Затоа што нè сите деца се вклучени во образовниот систем;

  14. Затоа што треба, а не сте рамноправни.

Затоа, време е сите да започнеме со секојдневната борба за правда!

Тимот на ЕСЕ