Услови за ангажман на експерти - Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

Здружението ЕСЕ е граѓанска организација која работи на подобрување на имплементацијата на социјалните и економски права на ранливите групи на граѓани, преку нивно зајакнување, мобилизирање и вклучување во планирањето, спроведувањето и оценувањето на јавните политики и услуги во Р. Северна Македонија.

Основана во 1994 година, ЕСЕ е активна и на локално и на национално ниво, како и во платформите на граѓански организации од Централна и Југоисточна Европа.

И покрај амбициозните иницијативи, Ромите во Северна Македонија и другите европски земји продолжуваат да се соочуваат со длабоко вознемирувачка состојба во однос на нивните основни права и бариери за подобрување на нивните средства за живот и живот. Феноменот на “antigypsyism” се покажа како силна пречка за спречување на фер и правичен пристап на Ромите до јавни услуги и исполнување на нивните основни човекови права. Ромите доживуваат социјална исклученост, особено во пристапот до вработување, образование, здравство и социјални услуги.

Прелиминарните наоди од работата на партнерските ромски граѓански организации во ромските заедници покажаа дека претходно споменатите состојби имале сериозно влијание врз ромските лица во периодот на пандемијата КОВИД-19. Лошите услови за домување, придружени со сиромаштија и недостаток на пристап до информации, резултираа најмаргинализираните Роми да не можат правилно да ги следат неопходните превентивни мерки (често миење на рацете, користење средства за дезинфекција на рацете, купување или миење маски за лице или соодветна самоизолација во домаќинствата). Оваа состојба дополнително ги продлабочува стигмата и дискриминацијата и доведува до перцепција дека Ромите не ги следат заштитните мерки КОВИД-19. Покрај тоа, веќе постоечките бариери во однос на  пристапот до примарни здравствени услуги може да го спречат пристапот на ромските заедници до грижата за COVID-19. Како илустрација, во 2020 година во општината Шуто Оризари, немаше  општ лекар на примарно ниво и установа за тестирање на КОВИД-19.Пандемијата, исто така, влијаеше негативно на социјалните детерминанти на здравјето. Многу маргинализирани Роми не беа во можност да остварат приход за време на пандемијата, бидејќи работат во неформална економија, особено за време на рестрикциите. Покрај тоа, неформалното вработување направи многу Роми да не бидат подобни за мерките за економска поддршка на Владата. Недостаток на навремени и соодветни информации, придружени со неписменоста, особено дигиталната неписменост, претставуваа пречки за пристапот на Ромите до економските мерки на Владата.

Воведениот начин на школување воведе нова бариера за пристап до образование за децата Роми кои немаат пристап до потребната технологија за следење на онлајн наставата. Овие услови се очекува да имаат долгорочно негативно влијание врз здравјето на Ромите по пандемијата и да ги продлабочат постојните здравствени нееднаквости. Горенаведената ситуација сугерира дека донесените мерки за ограничување на пандемијата на национално ниво треба подобро да ги рефлектираат потребите на маргинализираните Роми. Во идни кризни состојби, социјалните детерминанти во кои работат и живеат Роми може да преставуваат значителен предизвик за подготвеноста на заедницата за навремена реакција и закрепнување.

 

1.1. Основна цел и посебни цели

Основна цел на оваа иницијатива е унапредувањето на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување.

Посебни цели:

1)      Документирање на процесот на спроведување на проектот од 03ти мај 2021 до 30ти септември 2021.

2)      Доловување на искуствата на заедниците и едукација за документирање на идентификувани потреби и проблеми во заедницата.  

1.2.  Ангажман и работни задачи на експертот

 

За спроведување на посебната цел, предвидено е ангажирање на еден надворешен експерт за комуникации кој во соработка со ЕСЕ ќе работат на исполнување на посебно утврдените цели.

 

Сите релевантни прашања ќе бидат договорени во консултации помеѓу ЕСЕ  и експертот.

Со цел документирање на процесот на спроведување на проектот од 03ти мај 2021 до 30ти септември 2021, предвидени се следните активности:

-          Снимање (14 состаноци) кои ќе бидат организирани во рамките на проектот

-          Снимање два јавни настани во Скопје  

-          Снимање шест видеа од други настани поврзани проектот

 

 

Со цел доловување на искуствата на заедниците и едукација за документирање на идентификувани потреби и проблеми во заедницата, предвидени се следните активности:

 

1.3.  Продукти

Како резултат на предвидениот ангажман, експертот треба да ги подготви следните продукти:

 

Посебна цел:

1. Документирање на процесот на спроведување на проектот 

-     Видео запис од документирањето на процесот на спроведување на проектот.

 

2. Доловување на искуствата на заедниците и едукација за документирање на идентификувани потреби и проблеми во заедницата

-     Програма и работни материјали за едукативните средби за методот PhotoVoice

-     Пишани инструкции за спроведување на методот PhotoVoice во заедниците

-     Компилација на обработени фотографии од спроведувањето на методот PhotoVoice во ромските заедници

-     План за промоција на содржините

-      Документарно видео за спроведувањето на оваа компонента од проектот.

 

1.4.  Квалификации на експертот

Експертот треба да ги има следните квалификации:

-          Најмалку 5 години искуство во осмислување, спроведување и документирање на активности од ваков вид

-          Искуство во работа со граѓански организации.

 

1.5.  Буџет и временска рамка

За ангажманот на експертот е предвиден финансиски надомест во вкупен бруто износ од 7.690 УСД, сметано во денарска противвредност на денот на исплата на средствата.

 

Период на имплементација на работните задачи од страна на експертот е  03ти мај до 30ти септември 2021 година.

 

1.6.  Потребана документација за аплицирање

- Кратка биографија

- Листа на проекти и ангажмани поврзани со ГОи и ранливи групи на граѓани.

 

Потребните документи треба да се достават на е-маил адреса  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  со назнака “Повик за експерт за унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување” најдоцна до 25 мај 2021 година. 

 

18.05.2021