Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настани

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

 

за конференциски услуги за организирање на настани во рамки на Проектот „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување

Повикот се однесува на организирање на настани во рамки на Проектот „ Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“,кој се спроведува во период од 03 мај до 30 септември 2021 година.

Заинтересираните понудувачи треба да обезбедат услуги за изнајмување на простор, храна и освежување за следните настани:

-  Обука за Community tracing на отворено, со едно ноќевање во еднокреветна соба, со појадок и вечера, 1 ручек, изнајмување на сала, 2 кафе паузи по ден и 2 води по учесник, проектор, лаптоп и платно (2 дена за 30 учесници, од кои само за 15 е потребно сместување)

- Национална конференција на затворено според важечки протоколи, со ручек, изнајмување на сала за половина ден, 1 пијалок по учесник, 5 подвижни микрофони за говорници, озвучување на сала, кабина за превод, 10 применици за превод  (половина ден за 50 учесници)

- Работилница за стратешко планирање на отворено, 1 ручек, изнајмување на сала, 2 кафе паузи и 2 води по учесник, проектор, лаптоп и платно (1 ден за 27 лица)

Понудувачите треба да достават:

1. Мени со цени на пијалоци и храна,

2. Цена за изнајмување на простор

3. Цена за изнајмување на опрема

4. Фотографија од просторот

 

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака “За конференциски услуги - Здружение ЕСЕ”, најдоцна до 12 часот на 27 мај, 2021 година.

 

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена
  2. Опременост и уредување на простор

 

Во рок од една недела по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.

 

18.05.2021