Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Повик за прибирање на понуди за набавка на полимерна глина за изработка на уникатни рачно изработени производи

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за набавка на полимерна глина за изработка на уникатни рачно изработени производи во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените

 

Повикот се однесува за набавка на полимерна глина за изработка на уникатни рачно изработени производи, во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените, во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.

Понудената глина треба:

  • да биде специјализирана за изработка на уметнички дела;
  • да биде лесна за изработка и користење од почетници;
  • да може да се пече и да содржи инструкции за користење.

 Заинтересираните понудувачи треба да достават понуда за набавка на 18 различни бои глина и во истата за секоја боја да го наведат следното:

  • Назив на производител и трговска марка на полимерната глина;
  • Боја на полимерната глина;
  • Тежина на едно пакување;
  • Цена без ддв по парче и вкупна цена за 40 парчиња.
  • Рок на траење

Покрај понудата, понудувачите треба да достават и пропратна документација:

  • тековна состојба
  • слики од секоја понудена боја и производ
  • упатство за употреба на производот
  • начин на испорака

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 28 ноември, 2022 година.

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена за производот
  2. Цена на испорака 

Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач и и ќе изврши избор на најповолен понудувач.

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre