Association ESE

ESE

   Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women.

 

 

 

Повик за прибирање на понуди за набавка на специјализирани алатки, премази и модли за работа со полимерна глина и епоксидна смола

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), согласно воспоставените Правилник и процедури за набавки, објавува:

 

П О В И К   З А   П Р И Б И Р А Њ Е   Н А   П О Н У Д И

за набавка на специјални алатки, премази и модли за работа со полимерна глина и епоксидна смола за изработка на уникатни рачно изработени производи во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените

Повикот се однесува за набавка на специјални алатки, премази и модли за работа со полимерна глина и епоксидна смола, во рамки на активностите за поттикнување на вештините и знаењето на жените, во рамки на Годишната програма на ЕСЕ за 2022 година насловена „Заедно за родово еднакво општество“, која е ко-финансирана од Европската Унија.

Понудувачите треба да достават понуда за еден или повеќе од листата на алатки. Премази и модли наведени подолу:

  • Течност за лепење на полимерна глина со керамика и друг материјал кој може да се пече - 40 парчиња
  • Ролер (сукало) за работа со глина - 20 парчиња
  • Метални сечила за работа со глина - 20 парчиња
  • Подлога за обработка на глина и сечење - 20 парчиња
  • Шаблон со букви - 20 парчиња
  • Лак за премачкување на глина - 40 парчиња
  • Алатка за полирање на глина - 40 парчиња
  • Украсна фолија за глина - 60 парчиња
  • Силиконски и метални модли за накит и колачи - 20 парчиња
  • Сетови за изработка на украси - 20 парчиња
  • Прехранбени бои - најмалку 4 бои по 20 парчиња

Покрај понудата, понудувачите треба да достават и пропратна документација:

  • тековна состојба
  • слики од секој понуден производ
  • упатство за употреба на производите
  • начин на испорака

Ве молиме понудите да ги доставите електронски  на е-маил адресата:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 28 ноември, 2022 година.

Критериуми за избор на најповолна понуда:

  1. Цена за производот
  2. Цена на испорака 

Во рок од три дена по добивањето на понудите, Здружението ЕСЕ ќе формира комисија за разгледување  на добиените понуди и ќе изврши избор на најповолен понудувач.

 

Fiscal Transparency

Social accountability for gender equality

Health Rights

Domestic Violence 

Legal Aid Center

Health Information Centre