Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

  • Приоритети

    Во периодот 2017-2020 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

    1. Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

    2. Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

    3. Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат правни и параправни услуги во насока на развивање и воведување показатели за мерење на пристапот до правда, а посебно за мерење на трошоците за пристап до правда. Паралелно со работата на воведување систематски промени, ќе ги градиме капацитети на параправниците базирани во заедниците како неформални механизми за обезбедување правна помош за да се обезбеди пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во општеството.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.

    ПОВЕЌЕ...

 

 

     

 
     
 
 
   
 

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар