Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

  • Приоритети

    Во периодот 2020-2024 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

    Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

    Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

    Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе продолжи да работи на правно зајакнување на луѓето и сиромашните и ранливи заедници, за да преземат проактивна улога во решавањето на нивните правни проблеми. Ќе го поддржиме и спроведувањето на економски исплатливи алтернативни начини за решавање на незадоволените правни потреби на населението. Ќе продолжиме да ги зајакнуваме капацитетите на граѓанските организации даватели на правни и параправни услуги и да го промовираме концептот на параправници во заедницата како неформален механизам за обезбедување правна помош и пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во нашето општество.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.

    ПОВЕЌЕ...

 

 

 

ЕСЕ ќе продолжи да работи на правно зајакнување на луѓето и сиромашните и ранливи заедници, за да преземат проактивна улога во решавањето на нивните правни проблеми. Ќе го поддржиме и спроведувањето на економски исплатливи алтернативни начини за решавање на незадоволените правни потреби на населението.  Ќе продолжиме да ги зајакнуваме капацитетите на граѓанските организации даватели на правни и параправни услуги и да го промовираме концептот на параправници во заедницата како неформален механизам за обезбедување правна помош и пристап до правда за  сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во нашето општество.

Ќе продолжиме со собирање на податоци од перспектива на граѓаните и ќе обезбедиме докази за олеснување на пристапот до правда за ранливите групи, нагласувајќи ги нивните потреби во процесите на одлучување. Ќе се залагаме за решавање на проблемите со правдата кои им се најважни на луѓето и за слушање на нивниот глас како корисници на правдата. Ќе бараме отстранување на сите бариери во пристапот до правдата и зголемена поддршка за граѓанските организации за решавање на правните потреби на сиромашните и ранливите групи на граѓани.

Ќе промовираме и ќе обезбедиме пристап до специјализирани правни услуги за ранливите групи на жени, како што се жените кои претрпеле семејно насилство. Ќе ги зајакнеме и охрабриме жените да иницираат судски постапки за нивна заштита и истовремено ќе работиме заедно со судиите за да се подобри пристапот и ефективноста на обезбедената судска заштита.

Ќе ја поддржиме работата и адресираме потребите на официјалните институции кои играат главна улога во спроведувањето на правдата.  Ќе развиеме методологии и инструменти за мерење на нивната транспарентност, отчетност и ефективност, како носители на правдата. Настојуваме да го зајакнеме судството, со цел да ја подобриме правната сигурност и да обезбедиме фер и навремени постапки.

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар