Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

  • Приоритети

    Во периодот 2017-2020 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

    Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

    Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

    Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат правни и параправни услуги во насока на развивање и воведување показатели за мерење на пристапот до правда, а посебно за мерење на трошоците за пристап до правда. Паралелно со работата на воведување систематски промени, ќе ги градиме капацитети на параправниците базирани во заедниците како неформални механизми за обезбедување правна помош за да се обезбеди пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во општеството.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.

    ПОВЕЌЕ...

 

 

 

 

КОВИД-19 - Корисни информации за жените поврзани со семејно насилство и работните односи кои произлегуваат од вонредната состојба

 

03.04.2020

Информација за корисниците на бесплатната правна помош на Центарот за правна помош на ЕСЕ, за постапувањето на судовите по претходно започнатите судски и управни постапки се до престанување на вонредната состојба предизвикана од епидемијата на вирусот КОВИД-19


06.04.2020

По однос на објавената уредба за примена на законот за работни односи  за време на вонредна состојба


16.04.2020

Уредби со законска сила од особена важност за граѓаните за време на вонредната состојба


23.04.2020

Нови уредби со законска сила за време на вонредната состојба


27.04.2020

Нови уредби со законска сила за време на вонредната состојба

 

 

 

 

 

 
     
 
 
   
 

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар