25.03.2020 година

 

Почитувани пријатели, колеги и соработници,

Во овие тешки времиња, на сите Вас Ви испраќаме срдечни поздрави на солидарност од страна на COPASAH – Заедницата на практичари за отчетност и социјална акција во здравството, како и од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост - ЕСЕ кое е член на Извршниот комитет на COPASAH. Како практичари и застапувачи за човековите права, сите вие сте бранители на првата линија на здравјето и благосостојбата на маргинализираните лица. Нашите мисли се со сите вас, како и со сите засегнати од пандемијата со коронавирусот и/или вклучени во напорите да се ограничи пандемијата.

Како членови на мрежата COPASAH, горди сме што соработуваме и сме во контакт со извонредни организации, членови и практичари од целиот свет – граѓански организации, здравствени работници вклучувајќи ги здравствените работници на првата линија на одбрана, истражувачи и претставници од академската заедница, професионални асоцијации, и многу други останати –кои се загрижени за добростојбата на ранливите заедници. Ние од Извршниот одбор и Секретаријатот на COPASAH, сме инспирирани и охрабрени од работата на практичарите во целиот свет со цел да ја запрат пандемијата со COVID 19, како и за обезбедување на отчетност и транспарентност на  нивното работење.

Пандемијата со COVID 19 ги предизвика капацитетите на нашите слаби и кревки здравствени системи низ целиот свет. Поради тоа треба да го прошириме нашето застапување преку повикување на лидерите на нашите држави да ги зголемат ресурсите за јавното здравство, а во исто време да одвојат доволно фондови за итни состојби, со цел да обезбедат соодветна заштитна опрема на здравствените работници, да обезбедат здравствените установи да спроведуваат функционални мерки за превенција и контрола на заразата, вклучувајќи достапна проточна вода и средства за миење и дезинфекција на рацете насекаде.
  
Барајќи го сето ова, се повикуваме на изјавата на Д-р Тедрос, Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) “ги повикувам сите да ги мијат своите раце правилно за време на епидемијата со COVID-19”.

Исто така неодамнешниот документ на УНИЦЕФ за „Миење на рацете“ од 13 март 2020, укажа дека „Миењето на рацете со сапун, кога се прави соодветно, е клучно во борбата со болеста предизвикана од новиот коронавирус (COVID-19), меѓутоа милиони луѓе немаат пристап до соодветно место каде што можат да си ги измијат рацете, односно, според последните податоци, на светско ниво само 3 од 5 луѓе имаат основни услови за миење на рацете.“

Во исто време го нагласуваме и следното:

Епидемијата со коронавирусот го стави на виделина недостигот од пристап до основни услови, како што се водовод и канализација за најранливите групи, што им оневозможува да ги применат најосновните јавно здравствени мерки за миење на рацете. Пред се, во многу држави, здравствените работници на првата линија на одбрана, немаат соодветна опрема за заштита, како што се маските и ракавиците, со цел да се заштитат од инфекцијата и да го спречат ширењето на COVID-19.

Ние како заедница на практичари и бранители на правото на здравје, во ова време на криза сме длабоко загрижени за:

Ги повикуваме сите влади, во време на оваа криза, да ги зајакнат јавните здравствени системи и да го заштитат здравјето на ранливите и маргинализираните заедници. Каде што е потребно, достапните приватни здравствени ресурси треба исто така да потпаднат под контрола на јавниот здравствен систем, со цел да се обезбеди адекватна пристапност до здравствена заштита за сите засегнати лица за време на оваа епидемија. Исто така, ги повикуваме сите практичари и бранителите на правото на здравје од граѓанските организации од целиот свет, да застапуваат и да ја зајакнуваат јавната свесност, а со цел нашите влади и здравствените власти да ги обезбедат повеќе од потребните акции со цел да ги адресираат предизвиците од COVID-19 пандемијата. Ја изразуваме нашата солидарност со сите ранливи, маргинализирани, дискриминирани и исклучени заедници, како и со здравствените работници на првата линија на одбрана кои се вклучени во справувањето со оваа пандемија.


Со изразена солидарност,

 

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, како член на Извршниот комитет на COPASAH.


Глобалните ко-претседавачи, Извршниот комитет и Глобалниот секретаријат – COPASAH