Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Преглед на правната заштита на жртвите од вознемирување на работното место

Вознемирувањето на работното место и неговата законска регулираност во 2013 година ги создаде основите за уредување на правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на оваа појава, како и утврдување на мерките и постапката за заштита на жртвите од вознемирување на работното место. Од друга страна, пак, наодите од спроведеното истражување за организациските политики и институционалниот одговор во однос на појавата на вознемирување на работното место и анализата за степенот на имплементација на Законот за заштита од вознемирување на работното место, укажаа на неизбежната потреба од понатамошно надградување и унапредување на постојната законска рамка за регулирање на оваа појава.

За оваа цел, а и поради добивање на посеопфатни сознанија за регулираноста на појавата на вознемирување на работното место, изработивме споредбена студија на релевантната меѓународна и регионална законска рамка, од една страна и на постојната национална правна рамка на ова поле, од друга страна. Имено, целта на оваа студија е да ги анализира позитивните законски прописи и добри практики во однос на појавата на вознемирување на работното место во земјите членки и земјите аспиранти за влез во ЕУ, со цел тие да послужат како пример за унапредување на законската рамка за вознемирување на работното место во Република Македонија.

Наодите од оваа компаративна анализа ќе помогнат во процесот на  формулирање на конкретни предлог мерки што ќе претставуваат рамка за понатамошно градење на современи нормативни решенија, кои ќе овозможат превенирање на појавата, но и соодветна правна заштита на жртвите од вознемирување на работното место.

Преглед на правната заштита на жртвите од вознемирување на работното место

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар