Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Колку чини неплатената работа за нега на возрасни лица кои не се способни самостојно да ги извршуваат основните животни потреби во домаќинствата

Целта на оваа анализа е да се направи проценка на севкупната оптовареност на домаќинствата за негата и грижата за полнолетните лица кои не се способни самостојно да ги извршуваат основните животни потреби, како резултат на хронична прогресивна болест, инвалидитет или старост.

За таа цел во документот се анализирани две главни прашања: користење на времето за давање неплатена нега од страна на примарниот давател на нега во домаќинството и финансиските трошоци поврзани со негата на лицето.

Дополнително беа анализирани и социоекономските и демографските карактеристики на домаќинствата.

Анализата е подготвена со цел да послужи како основен документ за застапување базирано врз докази, чија основна цел е да се унапреди негата на овие лица и да се унапредат социоекономските услови на семејствата што им даваат нега на овие лица во нивните домаќинства.

Податоците беа прибрани од 19 ромски домаќинства што обезбедуваат нега на возрасни лица со сериозни хронични заболувања, лица со инвалидитет или стари лица. Интервјуираните лица одговараа на прашања на следните теми: услови за домување, демографски и социоекономски податоци поврзани со домаќинството и со лицата што беа интервјуирани, како и за влијанието што го има обезбедувањето на негата врз домаќинството. Во секое домаќинство беа идентификувани примарните даватели на нега и овие лица пополнија прашалник за користење на времето за претходниот ден, земајќи предвид дека денот за кој беше пополнет прашалникот претставува типичен обичен ден од животот на овие лица.

Причината поради која беа селектирани ромски домаќинства е поради тоа што повеќето од  нив живеат во неповолни социо-економски услови и не се во можност да ги платат трошоците за сместување на лицата на кои им е потребна дологорочна нега во јавна установа, ниту пак да платат за друг вид нега. Поради тоа кај Ромите е поголема веројатноста да се грижат за овие лица во своите домаќинства за разлика од другите етнички заедници.

Колку чини неплатената работа за нега на возрасни лица кои не се способни самостојно да ги извршуваат основните животни потреби во домаќинствата.pdf

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар