Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Aнализа на трошоците и придобивките за обезбедувањето на трите постојни модалитети за правна помош и услуги во РМ

Пристапот до правда е широк концепт кој се однесува на начините преку кои граѓаните можат да добијат правни информации и правни услуги и да ги решат своите спорови. Тој подразбира пристап до судски постапки, правна помош и вонправни механизми за решавање конфликти. Ефективниот пристап до правда не се однесува само на намалени трошоци, пристап до адвокати и до судови; напротив, станува збор за широк термин кој генерално се однесува на ефективноста на правниот систем во задоволувањето на потребите на граѓаните поврзани со решавање на нивните спорови. За граѓаните да бидат во можност да бараат и да добијат пристап до правда, тие мора да бидат правно зајакнати.

На глобално ниво, податоците покажуваат дека 4 милијарди луѓе во светот живеат надвор од заштитата што ја овозможува правото, главно бидејќи се сиромашни или маргинализирани. Република Македонија не е исклучок од ваквите состојби. Таа се класифицира како земја со високо средни приходи. Според податоците на Државниот завод за статистика (од Анкетата за приходи и животни услови) во 2015 година стапката на сиромаштија била 21,5%. Ограничениот пристап до правда за сиромашните, Ромите и другите маргинализирани заедници наметнаа воспоставување различни модалитети за обезбедување правна помош. Во моментов постојат три модалитети за обезбедување бесплатна правна помош и услуги во Македонија, односно обезбедување претходна правна помош, параправна помош, и правна помош. Само првиот модалитет е финансиски поддржан од државата. Останатите модалитети целосно се поддржани со странска помош од донаторски агенции.

Според акцискиот план на заедничката рамка на ФООМ за 2016 година, Здружението ЕСЕ - во соработка со Деби Будлендер – направи анализа на трошоците и придобивките за обезбедувањето на трите постојни модалитети за правна помош и услуги во земјата. Како што е објаснето во студијата, таа претставува обид за утврдување цена на чинење за трите различни форми на правна помош за сиромашните. Притоа, целта не е да се покаже дека една форма на правна помош е подобра од некоја друга. Напротив, целта е да се направи проценка на тековните трошоци за обезбедување услуги, да се нагласи кој ги покрива тековните трошоци, и да се процени кои трошоци треба да ги покрие државата за да обезбеди ефективна бесплатна правна помош. Освен тоа, оваа студија се обидува да ги дефинира придобивките за сите модалитети на бесплатна правна помош. Треба да се забележи дека ова е прв ваков обид во Македонија. Следствено на тоа, сите пречки со кои се соочија и препораките што ги понудија авторите на оваа анализа се внимателно забележани и беа земени предвид во последователните активности кои ќе се спроведоа (види втор дел од оваа публикација - последователна анализа).

Анализа на трошоците и придобивките за обезбедувањето на трите постојни модалитети за правна помош и услуги во Република Македонија

Инфографик - Колку чини обезбедувањето на бесплатна правна помош и параправна помош на сиромашните и ранливи лица во Македонија

Cost Benefit Analisys оf provision of the three existing free legal aid and services in Republic of Macedonia

Infographic - The cost of free legal aid and paralegal services for poor and other marginalized communities in Macedonia

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар