Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

Лекови за луѓето, не за профит!

23.03.2020: Лекови за луѓето, не за профит!

Приватните  истражувања  и фармацевтската  индустрија  во моментот  се далеку од промовирање  на  иновации  , бидејќи  тие  се  во  потрага  по  профит,  наместо  во  потрага  за исполнување на целите на јавното здравство. Приватните компании се повеќе се повлекуваат од истражувањето на основните лекови, чија профитабилност ја сметаат за неизвесна: Светската здравствена  организација  (СЗО)  ги  осудува  кратењата  на  буџетот  наменет  за  истражување  на лекови  за  бактерии  отпорни  на  антимикробни  средства  (антибиотици и  сл.)  кои  предизвикуваат десетици илјади смртни случаи секоја година.

Досегашното искуство ни покажува дека фармацевтските компании се заинтересирани само да остваруваат  профит. Патентираниот  лек на Новартис  за третман на спинална  мускулна  атрофија (Золгенсма) е познат како "најскапиот лек во светот". Патентираниот  лек на Гилеад за третман на хепатитис Ц се продаваше за цена 400 пати повисока од трошоците за производство. Постапките за овластување  за  продажба  на  лекови  во  Европа  се  дизајнирани да ги  фаворизираат  трговските интереси, а притоа не се прават сериозни проценки на ефикасноста и безбедноста. Истражувањата покажуваат дека само 10% од новите лекови дозволени за продажба на пазарот во Европа имаат реални предности над лековите кои се веќе достапни.

Всушност, граѓаните на крајот плаќаат за своите лекови двапати: еднаш со финансирање на јавните истражувања  во болниците  и универзитетските  истражувачки  центри  и втор пат кога ги купуваат лековите од лабораториите кои се стекнале со патенти врз основа на резултатите од јавните истражувања.

Здружението ЕСЕ, заедно со Европската мрежа против приватизација и комерцијализација на здравството и социјалната заштита и Граѓанското движење за здравје од Европа (ПХМ) потенцираат дека  ефективни и безбедни лекови, вклучително и евентуалната вакцина против новиот коронавирус и третманот на болеста што ја предизвикува, КОВИД-19, мора да  бидат достапни бесплатно за сите граѓани, без никакви трошоци за нив. Воедно националните здравствени системи треба да плаќаат фер цени за овие лекови.

За таа цел, Здружението ЕСЕ, заедно со Европската мрежа и ПХМ Европа ги повикуваат европските институции  и  земјите-членки  на  Европската  Унија,  како  и  останатите  земји  во Европа,   да  ги изменат   правилата   за  регулирање   на  Европската   агенција   за  лекови   и надлежните агенции во земјите-членки по следниот редослед:

а) Податоците кои се приложуваат во поддршка на Апликациите за одобрување на лекови треба да бидат објавени во јавноста и не може да се чуваат како доверливи податоци. Целиот процес што доведува до одлука за продажба на лекови мора да биде достапен за независен увид. Трговската тајност не може да се корсти за да се оправда доверливоста кога се работи за јавното здравје на населението.

б) Клиничките испитувања побарани од Европската агенција за лекови за проценка на ефикасноста и безбедноста мора да покажат супериорност а не да се водат по концептот на не-инфериорност во клиничките истражувања, како што е правилото денес. Со ова ќе се избегне поставување на пазарот на производи  кои не претставуваат вистински  иновации  во споредба  со веќе достапните,  но кои можат  да  ги  зголемат  трошоците  за  набавка  на лекови  како  и  профитот  на  фармацевтските компании.

в) Студиите поднесени во прилог на барањата за одобрување на продажба на лековите во моментот ги спроведува индустријата, што поттикнува конфликт на интереси. Ни требаат студии спроведени од страна на независни, непрофитни  агенции, јавно финансирани,  неповрзани  со компаниите  кои аплицираат за одобрување на лекот.

Понатаму, ги повикуваме земјите-членки на ЕУ и останатите земји од Европа да усвојат агресивна стратегија за преговарање за цените на новите лекови. Доколку компаниите инсистираат на поставување непотребно високи цени, патентните права мора да бидат одземени.

Исто  така,  бараме  потребни  ресурси  за  јавни  истражувања.  Мора  да  се  создаде  координирана, социјална средина за истражување и производство на лекови.

На 7 април, Светскиот  ден на здравјето,  се организираат  децентрализирани  активности  низ цела Европа. Петта година по ред, Здружението  ЕСЕ заедно со Европската  мрежа и ПХМ ги повикува граѓаните, здравствените работници, здруженијата и сл. да се соберат на овој  ден и заеднички да изразат незадоволство од комерцијализацијата на здравјето.

Поради пандемијата COVID-19 ги откажавме сите собири и акции кои подразбираат  физички контакт.

Затоа го повикуваме секој граѓанин да ја покаже својата поддршка со „ширење солидарност, а не вирус“.

Како? Со акција „бел лист“ на 7 април:

1. Поставете бел лист со слоган на видливо место или направете постер дома.

2. Сликајте се со вашите пораки

3. Поставете го на социјалните медиуми

• додајте го хаштагот #health4all

• тагирајте/означете ги вашите политички лидери

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) –  www.esem.org.mk, - тел. +389 78 260 819,   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

The European Network against the Privatization and Commercialization of Health and Social Protection - http://europe-health-network.net/  - P. +32499 42 44 48,   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

People’s Health Movement Europe - https://phmovement.org/ - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Лекови за луѓето, не за профит!

Medicines for the people, not for profit!

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар