Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Ревидирани предвидувањата на економскиот раст

 

 

НБРМ ги ревидираше проекциите за економскиот раст во земјава. Според прогнозите, се очекува раст од 2,3% на БДП, што е помалку од првичните предвидувања во април за раст од 3,5% кои не се остварија.

Според гувернерот Богов, најголеми ризици може да се најдат во лошата политичка атмосфера и актуелната криза, како и во неповолниот надворешен амбиент.

Влијание за промената во економскиот раст има и намалениот број на инвестиции.

„Кога говориме за тоа дека инвестициите потфрлија, мислиме на сите инвестиции, и јавни и приватни, како и на општиот амбиент кој не е соодветен и влијае на довербата. Инвестициите имаат пораст но не како што се очекуваше и каков што беше потенцијалот“, изјави Богов.

Во следните две години се очекува и забрзан раст на цените на енергијата и храната. По објавата дека јавниот долг изнесува 4.7 милијарди евра, Богов истакна дека е потребно стабилизирање на ситуацијата со задолжувањето.

http://novatv.mk/revidirani-predviduvanata-na-ekonomskiot-rast/

Извор: Нова ТВ – 03.11.2016

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар