Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Погубната политика на Владата може да доведе до епидемија на ХИВ/СИДА

На Македонија и се заканува епидемија од ХИВ. Ова е година во која однапред се знае дека ќе се зголеми бројот на заболени и на смртни случаи.

Причини за можната епидемија се:

Oдлуката на Владата ги скрати парите за превенција за ХИВ. Во буџетот за наредната година предвидени се само 439 000 евра од потребните 1 057 000 евра.

Глобалниот фонд го прекинува финансирањето за понатаму бидејќи Македонија се декларира како средно развиена земја каде годишно има повеќе од 3200 евра по глава на жител.

Декларацијата , со коja партиите треба да се обврзат да обезбедат превеција и лекување не ја потпишаа ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

„Нека излезе сам како Никола Тодоров, нека каже пред Влада и пред Собрание, ние коригираме буџет бидејќи повеќе од половина година работеше на проектот, тоа најмалку што можеме да добиеме. Ние пратнерски работревме на проектот и сега партнерски работиме, но не се слушаме едни со други“, изјави Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОПС.

Можни последици од ваквиот институционален однос ќе бидат:

Дефицит на лекови за болните

Ќе згаснат Програмите и сите превентивни сервиси за ранливи групи за ХИВ,

Невладините организации ќе стават клуч на врата

До сега ситуацијата се држеше под контрола со помош на донаторските средства од Глобалниот фонд кој во Македонија вложи 30 милини евра.

„Доколку не се оптиимизира овој буџет кој ни беше на располагање кога Глобал фонд ни беше тука, ние ќе спречиме 860 ново заболени и 290 смртни случаи до 2030 година. Доколку воопшто не се финансираат ХИВ превентивните програми овој број ќе биде уште поголем“, рече Елизабета Божиновска од НВО ХЕРА.

На Меѓународниот ден за борба против ХИВ/СИДА се одржува Протестен марш заради скратениот буџет и поддршка на лицата со ХИВ.

Годинава има 33 ново заболени со ХИВ. Досега се регистрирани 275 заболени, од нив 80 починале, со што Македонија беше една од ретките земји со ниска стапка на заболени.

http://novatv.mk/pogubnata-politika-na-vladata-mozhe-da-dovede-do-epidemija-na-hiv-sida/

Извор: Нова ТВ – 01.12.2016

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар