Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Службени лица од различни дејности и сфери на обука во Комисијата

Дваесет и три службени лица за посредување со информации од јавен карактер од државни институции, јавни претпријатија и установи, единици на локалната самоуправа, судската власт, како и од здравствени институции, проследија обука на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Обуката се одржа во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, а согласно предвидениот план за обуки за месец декември, а беше наменета за новоназначени службени лица, но и за лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер, а имале потреба од доедукација.

Обуката ја реализираа стручни лица од Секретаријатот на Комисијата, а акцентот беше ставен на подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските кои за нив произлегуваат од него, како и на начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во првиот дел од едукативната средба, посетителите се запознаа со историјатот, развојот на правото на слободен пристап до информации и законската легислатива, а во продолжение подетално беа образложени и постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, како и правилната подготовка на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите.

На обуката беа анализирани и специфични примери од праксата, при што службените лица се произнесуваа за тоа како би постапиле во дадените ситуации.

Извор: КОМСПИ - 23.12.2016

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар