Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Морталитет од малигни неоплазми во Р. Македонија

Малигните неоплазми со учество од 20-25 посто се наоѓаат на второ место по причина за смрт во развиените земји во светот, веднаш по кардиоваскуларните болести, кои пак учествуваат со околу или над 50 во структурата на морталитетот. Ракот во моментот е одговорен за речиси еден од шест смртни случаи на глобално ниво. Секоја година кај повеќе од 14 милиони луѓе се дијагностицира рак, и оваа бројка се очекува да се зголеми на повеќе од 21 милиони до 2030 година.

Во Р. Македонија после болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во 2010 година од рак умреле 3705, а во 2015 година 3741 лицe, додека стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 180,7  во 2015 година.

Дијаграм 1: Стапка на морталитет од малигни неоплазми во Република Македонија, 2010 – 2015 година

Извор: Институт за јавно здравје

Според пол, во 2010 година бројот на умрени мажи од малигни неоплазми е 2218 со стапка од 215,4 на 100000 мажи, а бројот на умрени жени 1487 со стапка од 145,1 на 100000 жени. Овој број во 2015 година кај машката популација е 2254 со стапка од 217,3, а кај женската популација овој број изнесува 1487 со стапка од 143,9.

 

Дијаграм 2: Стапка на морталитет од малигни неоплазми по пол во Република Македонија, 2010 – 2015 година

Извор: Институт за јавно здравје

Најчести примарни локализации на малигни неоплазми

Кај мажите најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2015 година е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 64,7 на 100000 мажи во 2015 година.

 

Дијаграм 3: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на бронх и бел дроб во Република Македонија кај мажи, 2010 – 2015 година   

Извор: Институт за јавно здравје

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2015 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година до 27,2 во 2015 година на 100000 жени.

 

Дијаграм 4: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на дојка во Република Македонија кај жени,2010 – 2015 година

Извор: Институт за јавно здравје на Р. Македонија - 03.02.2017

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар