Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Министерството за здравство најави дека ќе го воведе медикаментозниот абортус

Абортусот со таблети законски ќе им биде достапен и на жените во Македонија. Со измените на законското решение што го подготвува Министерството за здравство,  наместо со хируршка интервенција, прекин на бременоста ќе може да се изврши и со таблети.

Со новите законски измени до 12-тата  недела од бременоста, жената ќе има право да направи абортус без да оди на комисија. Досега, медикаментозниот абортус, кој може да се изврши во рана бременост, нè беше достапн за лекарите затоа што сѐ уште овие таблети не се регистрирани во Агенцијата за лекови.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека подготвуваат европски и либерален закон за прекин на бременоста кој е во интерес на жените и дека има легално решение овие лекови да им будат достапни на лекарите.

„ Жените да имаат уште едно право на избор, секако во консултација со гинеколог . Ќе најдеме начини како тој лек да е достапен, ако не преку регистрација, тогаш постојат други алтернативни решенија со може да го има во земјата. “-изјави Филипче.

Сепак за прекин на бременоста после 22-рата недела од бременоста, ќе има комисија од лекари од различни области кои на жената треба да и укажат на сите слабости и предности доколку плодот е со аномалии. Гинеколозите велат дека оваа терапија е корисна и за други ургентни состојби во акушерството и апелираат што поскоро да се воведе како постапка за прекин на бременоста.

Д-р Душко Филиповски, претседател на Здружението на приватни гинеколози, апелира што поскоро да се воведе медикаментозниот абортус, затоа што голем број од жените се одлучуваат на ваков прекин на бременоста, а никој официјално нема увид во условите каде што се прави.

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар