Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

„Мое тело, мои права“ – Европски активистки за правото на абортус потпишаа манифест

Загрижени од „подемот на национализмот и конзервативизмот” и „враќањето наназад” по прашањето за пристапот до абортус, 343 жени од 28 држави во Европа потпишаа манифест за легално и безбедно право на абортус во целата Европска Унија.

Меѓу потписничките има феминистки, универзитетски професорки, граѓанки и пратенички, главно од левицата и од зелените. Со манифестот, тие сакаат да потсетат и да оддадат почит на познатиот манифест, со кој во 1971 година 343 Французинки изјавија дека направиле абортус, кој тогаш бил предмет на кривично гонење.

Насловен „Мое тело, мои права”, документот го објави неделникот „Обс“, кој пред 47 години го испечати и првиот манифест.

Во документот се наведува дека правото на легален и безбеден абортус е извојувано во повеќе европски земји, но во некои држави жените сè уште немаат права на сопствените тела.

Абортусот останува целосно забранет во Андора, Малта, Сан Марино и Ватикан, дури и во случај на силување, инцест, оштетување на плодот и опасност за животот на мајката.

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар