Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

40 жени годишно умираат од карцином од грлото на матка

Алармантен е бројот на жени кои умираат од карцином на грлото на маката годишно. Дури осум случаи на карцином од овој тип се откриени од јануари до септември годинава. Во Макдедонја сè уште мал број на жени се вклучени во Програмата за скрининг на грлото на матката која е неопходна за превенција и рано откривање на оваа болест.

 „Од вкупниот број на регистрирани смртни случаи од карцином на грло на матка починале 30 лица, од кои млада жена на возраст од 25 до 27 години. Во првите девет месеци од годинава беа направени 31.630 ПАП тестови. Оваа година кај возрасната група од 24 до 35 години откриен е карцином кај 5 жени во рамки на организираниот скрининг и тоа во Битола, Кочани, Скопје и Струмица, додека кај возрасната група од 36 до 60 години откриени се 3 случаи на инвазивен плочест карцином во Куманово, Охрид и Ресен“- вели м-р д-р Силвана Ончева од Институтот за јавно здравје.

Според нив, ХПВ вирусот, кој е најчестиот причинител за појава на рак на грлото на матката кај возрасната група од 24 до 35 години учествува со 41,6 проценти од вкупните клеточни абнормалности, додека кај возрасната група од 36 до 60 години со околу 30 проценти.

„Најчесто застапен е ЦИН1 со 32,4 проценти од вкупниот број на клеточни абнормалности. Вклучувајќи ги и малигните неоплазми. Има висок процент на откриени клеточни абнормалности. Кај возрасната група од 36 до 60 години речиси 14 проценти од испитаните жени имале некаков вид на клеточни абнормалности, додека кај младит од 24 до 35 години 8,7 проценти имале некаков вид клеточни абнормалности.“- вели таа.

Жените и посебно ранливите категории треба да прават редовни контроли кај гинеколог за кои дел од ПАП тестирањата се бесплатни според превентивната програма за одредена возрасна група, алармираат од Институтот.

Меѓутоа во Програмата за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија за 2018, Владата издвоила финанскиски средства за бесплатно скрининг тестирање за 20 илјади жени во период од 12 месеци. Додека од Институтот за јавно здравје изјавија дека за неполна година (девет месеци) се направени 31.630 ПАП тестови, или 11.630 жени повеќе од предвиденoто. Се поставува прашањето како се финансирани прегледите на останатите жени, кога Министерството за здравство нема објавено одлука за измена и дополнување на буџетот за  програмата?

Слика: https://bit.ly/2KUnlyD

Извори: Нова ТВ и Институт за јавно здравје

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар