Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Тевдовски: Во 2018 јавниот долг ставен под контрола, јавните финансии реформирани

Јавниот долг е ставен под контрола, а годинава е направен сет од десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии.

-Годинава имаме сет од десет клучни реформи во јавните финансии. Јавниот долг е ставен под контрола и се спроведува постепена фискална консолидација. Во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8%, денес тој изнесува 48,2%. Зголемена е довербата на инвеститорите, што влијаеше на намалување на каматната стапка и зголемување на рочноста на инструментите. Годинава издадовме 30 годишна обврзница, како и најуспешната еврообврзница досега со историски најниска каматна стапка од 2,75%. Фискалната консолидација се спроведува постепено во насока на одржливост на јавниот долг. И следната година проектиравме понизок дефицит во однос на годинава, како процент од БДП, но и во апсолутен износ понизок-рече Тевдовски.

Во контекст на десетте клучни реформи, Тевдовски истакна дека системот за јавни набавки е усогласен со европските стандарди, како и дека Владата се бори против корупцијата преку мерките за спречување перење пари. Тој посочи дека се воведени алатки како претпополнета годишна пријава и други мерки кои ги олеснуваат постапките за граѓаните и фирмите.

Според Тевдовски, економијата годинава ја одбележаа растот на платите, намалувањето на невработеноста, како и враќањето на довербата кај инвеститорите.

Додавајќи дека во Буџетот за 2019 година се предвидени покачување на платите во здравството, образованието, најмногу средства досега за активните мерки за вработување, повеќе средства за поддршка на претпријатијата, средства за крупни инфраструктурни проекти.

Извор: https://www.finance.gov.mk/mk/node/7706

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар