Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

Онлајн конференција „Глобален дијалог на лидерите во правосудството - Правда за сите во услови на криза“

Во организација на Министерството за правда на Канада, ОЕЦД и глобалната иницијатива за Отворено Владино партнерство, се одржа онлајн конференцијата „Глобален дијалог на лидерите во правосудството – Правда за сите во услови на криза“ на која земаа  учество голем број на министри за правда од целиот свет, кои дискутираа и споделија искуство за предизвиците и справувањето со  последиците од пандемијата во правосудството.

Пандемијата, како и финансиските и економските импликации кои таа ги предизвика, но и предизвиците со кои се соочуваат општествата во социо-политичка смисла постави сериозен предизвик и пред правосудните системи низ светот. Пандемијата ги направи видливи нееднаквостите и во контекст на правдата, а воедно и ги постави правосудните системи и судските службеници на првата линија во справувањето со пандемијата содавајќи и имплементирајќи мерки кои го ограничуваа правото на слободно движење, а сè со цел намалување на ширењето на пандемијата.

На конференцијата, свое обраќање имаше и министерот за правда Бојан Маричиќ, за преземените мерки на Република Северна Македонија во поглед на заштита на здравјето на сите странки во постапките пред судовите и обвинителствата. Министерот Маричиќ истакна дека преку владините уредби за време на вонредната состојба, судовите и обвинителствата постапувале единствено по итните случаи, како и за оние за кои постоело опасност да застарат, но дека одредени судови ја искористиле можноста да продолжат со одржување на рочиштата онлајн. Воедно, Маричиќ потенцираше дека во еден случај на онлајн судење, сите странки од постапката пред судот се вклучиле од различни градови, а обвинетиот пак од притвор, што според министерот се покажало доста ефикасно и во интерес на сите странки во постапката.

Во поглед на пристапот до правда за сите граѓани, Северна Македонија е активно вклучена во Отвореното владино партнерство и е единствената држава од Западен Балкан со заложба да го подобри пристапот до правда, особено за маргинализираните групи во општеството. Со оглед на потребата од поголема отвореност на судските институции и враќање на довербата на граѓаните во судството, Маричиќ најави дека Северна Македонија ќе започне ново поглавје од Отвореното владино партнерство и дека ќе ја поддржи подготовката на првиот акциски план за Отворено судство.

https://fosm.mk/current-project/onlajn-konferenczija-globalen-dijalog-na-liderite-vo-pravosudstvoto-pravda-za-site-vo-uslovi-na-kriza/

Извор: Фондација Отворено Општество Македонија – 30.10.2020

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар