Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Резултати од нашата работа

 

Спојување на концептите на социјална отчетност и правно оспособување

Мониторинг и анализа на Програмата за рана детекција на малигни заболувања; Мониторинг и анализа на Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца; Мониторинг во заедницата; Обезбедување параправна помош и поддршка на Ромите. ПОВЕЌЕ...

Мониторинг на транспарентноста и отчетноста на јавните институции

Доброто владеење е од клучно значење за постигнување и одржување на макроекономската стабилност и стапката на развој во една земја, па оттука доброто менаџирање со јавните финансии, каде влегува и фискалната транспарентност, претставува клучен аспект за доброто владеење. Фискалната транспарентност овозможува остварување на двонасочна комуникација (дебата) помеѓу отворена влада и информирана јавност во процесот на донесување на одлуки и имплементирање на јавните фискални политики. ПОВЕЌЕ...

Мониторинг на спроведување на човековите права

Меѓународното право за  правата на човекот ја опфаќа Универзалната декларација за човекови права и девет меѓународни договори што содржат меѓународни стандарди во однос на почитување, промовирање и заштита на човековите права. Меѓународните договори за човекови права имаат обврзувачка сила за државите што ги имаат ратификувано, а пак нормите содржани во нив имаат силно морално и политичко влијание и врз оние држави што не ги имаат ратификувано. ПОВЕЌЕ...

Оцена на степенот на правна и судска заштита

“Насилството врз жените“ согласно со Декларацијата за елиминација на насилство врз жените  на ООН (1993) се дефинира како секој акт на родово базирано насилство  што резултира со или е веројатно да резултира во физичка, сексуална или психолошка повреда или страдање на жените, вклучувајќи ги и  заканите за такви акти, принуда или своеволно лишување од слобода во  јавниот или во приватниот живот на жената.   ПОВЕЌЕ...

Обезбедување помош и информации

Жените и мажите имаат различни здравствени потреби што се условени од нивните биолошки разлики, социоекономските услови и културолошките разлики. Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и на ментално здравје.  ПОВЕЌЕ...

 

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар