Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

  • Приоритети

    Во периодот 2017-2020 година, Здружението ЕСЕ ќе работи на следниве приоритети:

    Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права.

    Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права.

    Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 1: Вклучување на граѓаните во процесите за планирање, спроведување и евалуација на законските регулативи, буџетите и услугите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на локални и национални граѓански организации за спроведување на методологиите за социјална отчетност и правно зајакнување, вклучително и на ромските организации, организациите кои работат во областа на здравството, организациите кои работат на родова еднаквост и вработување и организациите кои работат со различни маргинализирани групи. Преку ваквата работа граѓанските организации ќе бидат во можност да ги зајакнуваат и мобилизираат заедниците со кои работат во насока на зајакнато учество на граѓанските организации и на граѓаните во барањето отчетност од владините институции

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 2: Обезбедување еднаков пристап до правда во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои обезбедуваат правни и параправни услуги во насока на развивање и воведување показатели за мерење на пристапот до правда, а посебно за мерење на трошоците за пристап до правда. Паралелно со работата на воведување систематски промени, ќе ги градиме капацитети на параправниците базирани во заедниците како неформални механизми за обезбедување правна помош за да се обезбеди пристап до правда за сиромашните, маргинализираните и ранливите групи во општеството.

    ПОВЕЌЕ...

  • Стратегиски приоритет 3: Унапредување на фискалната транспарентност на институциите во областа на социјални и економски права

    ЕСЕ ќе работи на подигање на јавната свест и информираноста на граѓаните преку обезбедување информативни и образовни содржини поврзани со фискалната транспарентност и потребата за буџетирање според приоритетите, што ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓаните да го разберат и да го практикуваат нивното право на пристап до јавни информации, подобро разбирање за начинот на кој функционира јавниот систем, подобро разбирање на информациите кои ги обезбедуваат јавните институции, како и користење на таквите информации за да се бара отчетност од властите.

    ПОВЕЌЕ...

Советувалиштето преставува прв специјализиран вид на советувалиште кое  нуди  директна психосоцијална поддршка и третман за сите жртви на семејно насилство кои се подготвени да го прекинат кругот на насилство и да го променат дотогашниот начин на живеење.

Тоа е специјализирана форма на помош од страна на професионалци кои ја водат жртвата низ процесот зајакнувајќи ја нејзината независност во донесувањето на вистински одлуки. Советувалиштето нуди повеќе видови на помош и тоа во домените на превенција, советување и кризна или посттрауматска интервенција.

Кој вид на психолошка помош и какви совети се нудат:

примарна психолошка помош,
итна интервенција за заштита од насилство,
психолошка помош и поддршка во услови на долготрајна изложеност на насилство    и 
кризна интервенција.

Корисници на психолошкото советувалиште се женитежртви на семејно насилство, но исто така и децата како секундарни жртви на насилство.

Процесот на помош и поддршка се остварува преку одржување редовни средби на индивидуално ниво или група и по нивно претходно закажување.

Советувалиштето работи секој работен ден (понеделник петок) во траење  од по три часа. 
Социјалниот  работник го врши првичниот прием и закажувањето. По првичниот прием и закажување на средбите, жртвите на семејно насилство  можат да реализираат средба со советувачот терапевт.

Психолошко советувалиште за семејно насилство ЕСЕ: 02 3117-866

 

 
     
 
 
   
 

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар