Активности во рамките на Основното истражување по однос на здравствениот статус и здравствените права на Ромите во Р. Македонија

Здружението ЕСЕ го спроведува ова истражување со цел да се направи проценка на здравствената состојба на ромската заедница, пристапот до здравствена заштита и состојбата во однос на почитување на здравствените права на Ромите во однос со не-ромското население кое живее во близина на ромските населби.

Во тек е анкетното истражување на терен со кое се опфатени 650 испитаници Роми и 650 испитаници припадници на останатите етнички заедници кои живеат во близина на ромските населби. Анкетирањето се спроведува во следните општини: Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Штип, Делчево, Пехчево и Виница. Теренското анкетирање се спроведува од страна на 18 анкетари, кои претходно поминаа обука за спроведување на анкетирањето.