Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Национална конференција “Здравје на Ромите”

Националната конференција организирана од страна на Здружението ЕСЕ се одржа на 08.11.2013 година во х. Арка во времетраење од 5 часа. На конференцијата учествуваа вкупно 60 претставници на граѓански организации и јавни институции.

На конференцијата од страна на организациите и јавните институции беа изнесени низа на прачки со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствените услуги, а пак од страна на ЕСЕ беа презентирани неколку пристапи кои можат да се применуваат во секојдневното работење и кои можат да допринесат за перманентно евидентирање и надминување на прекршувањата на правата на Ромите за здравствена заштита и здравје.

На конференцијата беше истакнато следното:

- Скриена дискриминација во третманот на Ромите како пациенти, неможноста за плаќање на потребните здравствени услуги, оддалеченоста на здравствените установи како и недоволна запознаеност на здравствените права се дел од секојдневните бариери со кои се соочува ромското население во Македонија во пристапот до здравствените услуги.

- Непостоење на релевантни и официјални податоци за здравствената состојба на Ромите што го оневозможува решавањето на здравствените проблеми.

- Маргинализацијата на Ромите во Македонија е алармантна во повеќе аспекти од јавниот и приватниот живот, а неповолните социоекономски и животни услуги пропратени со бариерите за пристап до здравствените услуги придонесуваат за понеповолен здравствен статус и пократок животен век на Ромите.

„45% од мажите и 64% од жените Роми страдаат од хронично заболување. 73% од хронично болните лица не се во можност да ги купат потребните лекови“.

- „Мониторингот во заедницата е важен концепт бидејќи во центарот на вниманието го става граѓаниниот Ром кој што ги запознава неговите здравствени права, услугите кои државата е должна да му ги обезбеди со што понатаму учествува во следењето на истите во реалноста, а може да учествува во процесот на спроведување и донесување на одлуки“.

Пристапот овозможува да се пополни вакумот кој што го има меѓу институциите кои нудат здравствена заштита која е предвидена со закон и населението кое има оневозможен пристап до информации и знаење за механизмите кои постојат за заштита.

Дознај повеќе:

Линк до веста

Фотографии од настанот

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар