Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер

На 25 септември 2015 година, во ГЕМ Клубот во Скопје, Здружението ЕСЕ спроведе работна средба за унапредување на фискалната транспарентност во јавниот здравствен сектор и олеснување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер. На работната средба учествуваа 15 претставници на ЈЗУ од Р. Македонија. Односно, учество земаа ЈЗУ ЗД Македонски Брод, ЈЗУ ЦЈЗ Велес, ЈЗУ Институт за јавно здравје, ЦЈЗ Тетово, ЦЈЗ Скопје, ЦЈЗ Охрид, ЈЗУ ЗД Скопје, ЈЗУ ЗД Струга, ЈЗУ ЗД Кавадарци, ЈЗУ ЗД Дебар и ЈЗУ ЗД Ресен.

На работната средба ЕСЕ и претставниците од јавните здравствени установи дискутира за: можните начини за унапредување на сегашното ниво на транспарентност во јавниот здравствен сектор;  начинот на кој досега се спроведува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и потешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени установи за целосно исполнување на законските обврски; можни чекори за унапредување на постапката за слободен пристап до информации од јавен карактер; предлози за заедничка соработка и иницијативи на јавните здравствени установи и Здружението ЕСЕ итн.

Повеќе...

Обука за судии: Јакнење на примената на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените на ОН

Во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените во периодот 21ви до 23ти септември, Здружението ЕСЕ организираше обука за судии на тема „Јакнење на примената на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените на ОН“. На обуката присуствуваа 20 судии од 10 основни судови во кои се спроведува набљудување на тековни судски предмети поврзани со насилство врз жените, како и претставници на граѓанските организации кои се вклучени во спроведувањето на оваа иницијатива.

Обуката се организираше со цел подигнување на степенот на судска заштита на жените жртви на насилство и дискриминација и истата беше спроведена од претставници на организација од Малезија која има долгогодишно искуство и кредибилитет за работа на ова поле, IWRAW Asia Pacific, Ayesha Sen Choudhury и Jane Connors. Учесниците беа запознаени со содржината на Конвенцијата, вклучувајќи ги и останатите релевантни документи како што се Генералните препораки на Комитетот за елиминирање на дискриминацијата врз жените при ОН и Заклучните согледувања во однос на спроведувањето на одредбите од конвенцијата во Р. Македонија. Фокусот беше ставен на меѓународните стандарди и државните обврски во однос на насилството врз жените.

Повеќе...

Здружението ЕСЕ го поднесе Заедничкиот извештај за здравје кон Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права при ООН (МПЕСКП)

Здружението ЕСЕ во соработка со 9 здруженија на граѓани и со поддршка на Фондациите отворено општество Њујорк и  Македонија, подготви и поднесе Заеднички извештај за здравје кон МПЕСКП. Со овој поднесок ги истакнуваме проблемите поврзани со неостварувањето на Правото на  здравје (член 12 од МПЕСКП и Генералниот коментар бр.14) на повеќе ранливи групи: Роми, лица кои живеаат со ХИВ/СИДА, лица кои користат дроги, жени, лица со ретки болести, лица со интелектуална попреченост и жртви на трговија со луѓе. Воедно, остварувањето на правото на здравје на жените и Ромите  во овој поднесок е анализиран и од аспект на примената на член 2.1 од пактот – Максимум користење на расположиви средства Поднесокот има за цел да придонесе во разгледувањето и формулирањето на Листата на прашања на предстојната Пред сесија на Комитетот во Октомври, како и да адресира прашања до Р. Македонија за степенот на оставрување на правото на здравје соодветно на МПЕСКП.

Во прилог:

Заеднички Извештај за здравје кон МПЕСКП

 

Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство одржаа втора по ред работна средба во рамки на процесот за унапредување на фискалната транспарентност на Владата на РМ

На 23 септември, 2015 година во просториите на Министерството за здравство се одржа втората по ред работна средба на претставници на Здружението ЕСЕ  и Министерството за здравство на РМ одговорни за координирање на превентивните и куративните програми од буџетот на министерството. Имено, Владата на РМ  по разгледување на прогресот за имплементацијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство за 2014 - 2016 година, го задолжи Министерството за здравство најдоцна до 31 декември 2015 година да усвои и објави годишен финансиски и програмски извештај за секоја од превентивните и куративните програми финансирани од буџетот на Министерството за здравство на интернет страницата на министерството. Објавувањето на извештаите понатаму треба да се одвива во континуитет, односно министерството ваквите извештаи треба да ги објавува на полугодишно и годишно ниво.

Повеќе...

Здружението ЕСЕ и Министерството за здравство одржаа работна средба во рамки на процесот за унапредување на фискалната транспарентност на Владата на РМ

На 07 јули, 2015 година во просториите на Министерството за здравство се одржа работна средба на претставници на Здружението ЕСЕ  и Министерството за здравство на РМ одговорни за координирање на превентивните и куративните програми од буџетот на министерството. Имено, Владата на РМ  на својата 79-та седница  одржана на 15.06.2015 година по разгледување на прогресот за имплементацијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство за 2014 година, го задолжила Министерството за здравство да организира и спроведе работна средба на која претставниците на ЕСЕ и координаторите на превентивните и куративните програми од ова ресорно министерство при што ќе утврдат обрасци на финансиски и програмски извештај за секоја од програмите кои на полугодишно ниво ќе биде објавувани на интернет страницата на Министерството за здравство.

Во таа насока на средбата беа разгледани предлози на обрасци на извештаите подготвени од министерството и беше заклучено дека најдоцна до почетокот на септември, 2015 година Здружението ЕСЕ детално ќе ги разгледа и предложи сугестии на предложените обрасци од страна на министерството, а во текот на месец септември 2015 година овие обрасци ќе се финализираат заедно со претставниците од министерството. Министерството за здравство ќе започне да ги објавува извештаите за финансиско и програмско известување по ново усвоените обрасци од 2016 година.

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар