Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Работилница за јакнење на капацитетите на ЕСЕ на полето на родово буџетирање

Во текот на март, 2018 година  беше одржана работилница за родово буџетирање на која учествуваше персоналот на ЕСЕ Работилницата беше фацилитирана од страна на меѓународниот експерт  Debbie Budlenderи се одржа во Кејптаун,  Јужно Африканска Република.

На работилницата беа дефинирани целите и приодите за застапување и натамошните чекори на четирите полиња на кои работи ЕСЕ во областа на родово буџетирање: неплатена нега на тешко болни лица; бесплатна правна помош на жените жртви на семејно насилство; мониторинг и анализа на спроведувањето на кредитната линија одобрена од Банката за Развој на Советот на европа;  и мониторинг и анализа на постапките за јавни набавки водени во РМ за период 2016  - 2017 година.

Повеќе...

Трета обука за параправници 11-13 мај, 2018 год.

Во периодот 11-13 мај, 2018 година Здружението ЕСЕ ја спроведе третата обука за папаравниците кои обезбедуваат помош и поддршка на сиромашните и маргинализирани, односно на Ромското население, сексуалните работнички и текстилните работници. Вкупно, 30 папраправници од шест граѓански организации кои обезбедуваат ваков вид на помош и поддршка присуствуваа на обуката. Обуката преставува една од низата обуки кои во изминатите години се спроведуваат со цел унапредување на степенот на познавања и вештини со цел обезбедување навремена и соодветна   помош и поддршка на оние на кои им е потребна. На оваа обука поспецифично се говореше за прашањата на дискриминација, поим на кривично дело и одговорност, кривичните дела против животот и телото и вознемирувањето на работно место. Дел од обуката беше посветен и на практичните вештини на параправниците во однос на работата со лицата кои им се обраќаат за помош. Работата на случаи по однос на сите прашања кои беа опфатени на обуката им овозможија на учесниците теоретски стекнатото знаење да го применат на конкретни ситуации и со тоа да се стекнат и со специфични познавања по однос на прашањето на интерес, како и да ја унапредат меѓусебната соработка и комуникација. Обучувачи на оваа обука беа адвокатката Наташа Бошкова, поранешниот судија Стојан Михов и граѓанската активистка за еднакви можности на жените и мажите Дивна Змејковска. Обуките за папараправници се дел од континуираните активности кои ЕСЕ ги презема во рамки на Заедничката рамка за правно зајакнување, поддржани од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повеќе...

Работилница за анализа на влијанието на макроекономските политики врз уживањето на правото на здравје

Во периодот од 26 до 27 април 2018 година, Здружението ЕСЕ учествуваше на работилница за анализа на влијанието на макроекономските политики врз пристапот до здравствена заштита на мајките и децата од ранливите групи во РМ. Работилницата беше фацилитирана од страна на експертката Росио Морено Лопез, а на истата присуствуваа четири лица од ЕСЕ. За време на работилницата беа разгледувани и анализирани податоци за планирањето и спроведувањето на макроекономските политики во РМ, за периодот од 2011 до 2018 година, врз основа на спроведената анализа ЕСЕ со помош на експертката спроведе оценка на влијанието на политиките и подготви план за натамошна работа.

Повеќе...

Трета средба за вмрежување на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 03 мај 2018 година се одржа третата по ред средба за вмрежување на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во хотел Бест Вестерн, а на истата присуствуваа 15 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар - Битола, Женски Форум - Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Свети Николе. На средбата Маја Ангеловска, програмски менаџер од МКЦ - Битола даде краток осврт на програмите и услугите за вработување предвидени со Оперативните планови за вработување за период 2014 - 2017 година и Здружението ЕСЕ ги презентираше инструкциите за спроведување на анкетното истражување во заедницата а оценување на задоволството, квалитетот, корисноста и достапноста на активните мерки за вработување, како и реализација на првиот влез во домаќинствата. 

 

Втора редовна средба на организациите вклучени во проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”

На 03 април 2018 година се одржа втората редовна средба на организациите вклучени во реализација на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост”. Средбата се одржа во просториите на ЕСЕ, а на истата присуствуваа 13 претставници на Здружението ЕСЕ, Акција Здруженска, Младински Културен Центар - Битола, Женски Форум - Тетово, Организација на жени на градот Струмица и ГИЖ Св. Николе. На средбата организациите дискутираа по однос на текот и предизвиците во спроведувањето на процесот на мапирање на заедницата и институциите, како и ја разгледуваа првичната верзија на прашалникот за оценување на задоволството, квалитетот, корисноста и достапноста на активните мерки за вработување.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар