Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Работни средби за подготовка на методологија за анализа на правната рамка за заштита на жените жртви на насилство

Во рамките на Проектот на УСАИД за правна заштита на жените во текот на јуни и јули 2015 година Здружението ЕСЕ организираше две работни средби за подготовка на методологија за спроведување на истражување и подготовка на анализа за националната законска рамка постапувањето на институциите во системот на правна заштита а заштита на жените жртви на насилство и дискриминација.

Овие работни средби беа организирани во соработка со проектните партнери, Здружението на граѓани Отворена Порта и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Како резултат на работните средби  беа подготвени прашалници за спроведување на интервјуа со претставници на надлежните институции, како и сценарија (насоки) за спроведување на фокус групи со жени жртви на насилство и дискриминација: жртви на семејно насилство, жртви на трговија со жени и сексуални работнички.

По спроведувањето на интервјуата и фокус групите ќе биде подготвена анализа со конкретни препораки за изменување и дополнување, односно унапредување на постојните закони и политики согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права жените жртви на насилство.  

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар