Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Почетна обука програми за параправна помош и поддршка

Во периодот 25ти и 26ти септември во хотел Арка, Скопје, Здружението ЕСЕ оргтанизираше почетна обука на програмите за параправна помош за системот на здравствена заштита, здравствено осигурување и заштита на права на пациенти во државата. На обуката присуствуваа претставници од ромските партнерски организации кои обезбедуваат параправна помош и поддршка во нивните заедници: Центар за демократски развој и иницијативи – ЦДРИМ и Ромскиот Ресурсен Центар (РРЦ) од Шуто Оризари, како и КХАМ од Делчево.

На обуката се обратија претставници од институциите кои се вклучени во системот на здравствена заштита во Р.Македонија, Ангелина Бачановиќ, Министерство за здравство, Михајло Костовски, Фонд за здравствено осигурување на Македонија - ФЗОМ и Вера Менковска од Државен здравствен и санитарен инспекторат. Координаторите и параправниците беа детално информирани за механизмите за заштита на здравствено осигураните лица и правата на пациентите и начинот на нивно спроведување.

Обуката опфати теоретски и практичен дел, при што истата беше структурирана да одговори на потребите на новите параправници во однос на стекнување на основно знаење за системот на здравствена заштита, како и продлабочување на постоечкото знаење на постоечките параправници. Учесниците имаа можност практично да подготвуваат писмени поднесоци (барања и жалби) за остварување на конкретни здравствени права, како што се: право на лекување во странство, право на рефундирање на трошоци за лекови и ортопедски помагала, право на информирање на пациентот и др.

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар