Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Учество на Здружението ЕСЕ во националниот процес за подготовка на третиот Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2016 – 2018 година

На 08 март 2016 година до Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, КОМСПИ, Министерство за правда, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за странски инвестиции, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за здравство достави предлог мерки за подготовка на новиот Акциски план за отворено владино партнерство за периодот 2016 – 2018 година. ЕСЕ достави вкупно осум предлог мерки за три приоритети и тоа: фискална транспарентност, слобода на информации и меѓународна помош/донации. (Види прилог 1)

Во текот на месец март ЕСЕ учествуваше на четири јавни настани за подготовка на мерките за унапредување на фискалната транспарентност, пристапот до информации и транспарентност во примање и обезбедување на меѓународна помош во новиот Акциски план за отворено владино партнерство за периодот 2016 – 2018 година (03 март 2016 година, 23 март 2016 година, 29 март 2016 година и 30 март 2016 година).

На почетокот на месец Април, Министерството за информатичко општество и администрација ја објави првата верзија од Акцискиот План за ОВП за 2016 – 2018 година за јавно разгледување и коментирање. По два месеци интензивна подготовка на првата предлог верзија на Акцискиот План, беа усвоени само оние мерки кои јавните институции присутни на средбите ги сметаа за неопходни и возможни. Останатите предлог мерки беа отфрлени и беа поставени на листа за дополнително разгледување од страна на јавните институции, но истите не беа јавно објавени и достапни. Дополнително, предлог мерките на ЕСЕ, како измени и дополнување на Упатствата за трезорско работење на Министерството за финансии и ФЗОМ беа прифатени од членовите на работната група освен од Министерството за финансии и истите беа ставени на листа за дополнително разгледување на страна на министерството. 

Прилог број 1: Предлог мерки поднесени до Здружението ЕСЕ

Прилог број 2: Прва верзија на Акцискиот план за ОВП за 2016 – 2018 година 

Прилог број 3: Листа на предлози за мерки за Акцискиот план за ОВП 2016-2018 за кои немаше претставник

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар