Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Консултативна работна средба со IWRAW ASIA PACIFIC за мониторинг на судски случаи за насилство и дискриминација врз жените

Во периодот од 1ви до 5ти април 2016 година, во Бангкок, Тајланд, претставници на Здружението ЕСЕ присуствуваа на консултативна работна средба на организации кои спроведуваат мониторинг на тековни судски случаи поврзани со насилство и дискриминација врз жените. Овој настан беше организиран од страна на IWRAW ASIA PACIFIC, организација од Малезија со долгогодишно искуство во обезбедување на поддршка на граѓанските организации  во процесите на известување за спроведувањето на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената при ОН на национално ниво. На консултативната средба присуствуваа организации кои на национално ниво се вклучени во иницијативи поврзани со следење на постапувањето на судиите во постапките поврзани со насилство и дискриминација врз жените: семејно насилство, сексуално насилство  и др.  при што покрај Здружението ЕСЕ на средбата беа присустни организации од Либан и Пакистан.

Од страна на претставниците на ЕСЕ беше презентиран Проектот на УСАИД за правна заштита на жените и постигнатите резултати поврзани со набљудувањето на судски постапки и идентификувањето на можности за нивно унапредување. Од особено значење беше запознавањето на организациите од Либан и Пакистан со процесот кој Здружение ЕСЕ го спроведува во Македонија, со оглед на тоа дека истите планираат воспоставување на блиска соработка со судовите и спроведување на слични иницијативи во нивните држави.

За време на средбата беше подготвен акционен план кој го инкорпорира размената на искуства помеѓу организациите во иднина и реализирањето на конкретни заеднички иницијативи на полето на унапредување на правната заштита на жените жртви на насилство и дискриминација.

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар