Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Човекови права за сите во рамката Пост-2015

Здружение ЕСЕ заедно со 300 граѓански организации од целиот свет ја поддржува заедничката изјава насловена „Човекови права за сите во рамката Пост-2015“.

Човековите права заземаа значајно место во дебата околу тоа што ќе следи по Милениумските развојни цели во 2015 година. Во својата суштина рамката Пост-2015 која е базирана на човекови права се менува од модел на солидарност во модел на правда, базиран на вроденото достоинство на луѓето како носители на човековите права, националните влади како примарни носители на должноста, како и сите развојни актери кои делат заеднички одговорности кои сепак се разликуваат.

Соодветно на претходното, рамката Пост-2015 треба да биде дизајнирана како алатка која ќе ги зајакне луѓето и ќе им овозможи – индивидуално и колективно – да ги мониторираат нивните влади, другите влади, бизнисите, меѓународните организации и другите развојни актери, како и да бараат отчетност од истите за нивното делување кое ги засега животите на луѓето внатре во, меѓутоа и преку границите.

Повеќе...

Презентирање на Извештај за здравство во рамки на процесот на Универзален периодичен преглед (УПР), Совет за човекови права при ООН, пред - сесија (29.11.2013)-Женева

Марија Гелевска во име на  Здружението ЕСЕ на 29.11.2013, во рамки на процесот на УПР при Советот за човекови права при ООН, во Женева ги презентираше клучните сфери на загриженост и препораките за унапредување на здравствениот статус на повеќе ранливи групи во Р. Македонија.

Извештајот за здравство кон вториот циклус на известување на Р.Македонија во рамки на Универзалниот периодичен преглед, беше подготвен од страна на Здружение ЕСЕ со поддршка на Фондациите отворено општество, Њујорк и Македонија, во заедничка соработка со 10 граѓански организации: КХАМ, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, ХЕРА, ХОПС, ЛГБТ Центар –Хелсиншки Комитет за човекови права, Национален Ромски Центар, Порака, Ромски Ресурсен Центар,  Рома СОС и Отворена Порта-Ла страда.

Овој поднесок за здравство  ги содржи клучните проблеми и препораки за унапредување на здравјето на следниве ранливи категории на население: Роми, лица кои живеаат со ХИВ/СИДА, ЛГБТ лица, жени, лица со интелектуална попреченост и жртви на трговија со луѓе.

Учеството на пред - сесијата имаше за цел презентирање на состојбите во Р. Македонија  во однос на почитување на севкупниот корпус на човекови права, како и преземените активности во насока на  унапредување на состојбите од 2009 година (Првиот циклус на известување на РМ)  до вториот циклус на известување, односно февруари, 2014 год.

Во прилог:

1. Statement UPR – Association ESE - Republic of Macedonia

2. Joint submission on health to the UPR - ESE and other CSO’s

3. Key issues of Concerns  and Recommendations

 

За Ромите, некогаш правдата е најдобар лек

Една жена се обраќа кај гинеколог на преглед, но гинекологот бара таа да плати за услуга која е бесплатна за пациентите.

Едно мало дете и неговите родители никогаш не се информирани за вакцинацијата од сипаници, заушки и рубеола.

Еден човек со потреба од дијализа е исфрлен од болницата, бидејќи тој бара надоместок за превоз кој е задолжителен според законот.

Ова се само неколку од многуте прекршени здравствени права со кои се соочуваат Ромите во Македонија. Но, работата на параправниците Роми веќе има големо влијание на здравјето на Ромите во нивните заедници.

За да се заштитат здравствените права и да се влијае за системска промена, четири граѓански организации во Македонија ги здружија силите. Три од нив се локалните ромски организации- Центар за демократски развој и иницијативи - ЦДРИМ, НВО КХАМ Делчево и Ромски Ресурсен Центар - РРЦ. Четвртата организација, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените –ЕСЕ работи на национално ниво и работи на полето на унапредување на човековите права со солидно искуство во сферите на застапување и истражување.

Повеќе...

ДА за финансиски средства за унапредување на здравјето на жените, НЕ за кампањи кои ги дискриминираат жените

Здружението ЕСЕ, во соработка со граѓанската организација ХЕРА, денес одржа прес-конференција за медиуми и јавна расправа, на кои ги презентираше клучните наоди од спроведениот мониторинг на трошењето на буџетските средства за спроведување на медиумската кампања “Избери живот, имаш право на избор” и наодите од спроведеното истражување помеѓу населението и гинеколозите за перцепцијата и ставовите по однос на абортусот.

Владата на РМ, наместо да троши 10% од буџетот за превентивна здравствена заштита за спроведување на една медиумска кампања и притоа да ги дискриминира жените и ги повредува нивните репродуктивни права, а и ги стигматизира жените кои веќе имаат направено или планираат да направат абортус, ДА ги искористи средствата за унапредување на здравјето на жените и да обезбеди квалитетни и соодветни превентивни услуги преку Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца и Програмата за рана детекција на малигни заболувања.

Прочитај повеќе за резултатите...

Погледни видео од прес-конференцијата...

Национална конференција “Здравје на Ромите”

Националната конференција организирана од страна на Здружението ЕСЕ се одржа на 08.11.2013 година во х. Арка во времетраење од 5 часа. На конференцијата учествуваа вкупно 60 претставници на граѓански организации и јавни институции.

На конференцијата од страна на организациите и јавните институции беа изнесени низа на прачки со кои се соочуваат Ромите во пристапот до здравствените услуги, а пак од страна на ЕСЕ беа презентирани неколку пристапи кои можат да се применуваат во секојдневното работење и кои можат да допринесат за перманентно евидентирање и надминување на прекршувањата на правата на Ромите за здравствена заштита и здравје.

На конференцијата беше истакнато следното:

- Скриена дискриминација во третманот на Ромите како пациенти, неможноста за плаќање на потребните здравствени услуги, оддалеченоста на здравствените установи како и недоволна запознаеност на здравствените права се дел од секојдневните бариери со кои се соочува ромското население во Македонија во пристапот до здравствените услуги.

- Непостоење на релевантни и официјални податоци за здравствената состојба на Ромите што го оневозможува решавањето на здравствените проблеми.

- Маргинализацијата на Ромите во Македонија е алармантна во повеќе аспекти од јавниот и приватниот живот, а неповолните социоекономски и животни услуги пропратени со бариерите за пристап до здравствените услуги придонесуваат за понеповолен здравствен статус и пократок животен век на Ромите.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар