Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Дводневна обука на тема “Стратешко застапување на случаи на прекршување на човекови права во системот на здравствена заштита”

Во рамки на иницијативата Човекови права во здравствена заштита спроведувана од страна на Здружение ЕСЕ, финансиски поддржана од Фондациите Отворено општество Њујорк и Фондацијата Отворено Општество Македонија, во периодот 04-05 септември 2013 година (среда и четврток), во хотел Арка - Скопје,  беше одржана дводневна обука на тема Човекови права во здравствена заштита”.

Целта на обуката беше запознавање на учесниците со стратешко застапување на случаи на прекршување на човекови права во системот на здравствената заштита согласно Европската конвенција за човекови права и основни слободи.

На обуката присуствуваа претставници на следните граѓански организации: Фондација Отворено Општество Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот, Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници”, Отворена порта – Ла Страда Македонија, КХАМ Делчево, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Асоцијација за здравствена едукација и истражување (Х.Е.Р.А.), Македонско здружение на млади правници.

Здружението ЕСЕ како членка на Глобалното движење за Буџетска транспарентност, отчетност и партиципација бара од земјите од G20 да работат на унапредување на транспарентноста и отчетноста на своите буџетски процеси

Здружението ЕСЕ како членка на Глобалното движење за Буџетска транспарентност, отчетност и партиципација (BTAP) ги повикува 20-те најголеми светски економски сили да бидат добар пример пред останатите земји во светот на тој начин што ќе се заложат за унапредување на буџетската транспарентност, отчетност и партиципација.  Земјите од G20 треба да преземат постојани и решителни мерки за промовирање на буџетската транспарентност и отчетност во своите земји, наместо да се фокусираат на дискусија околу тоа како да ја унапредат транспарентноста и како да се справат со даночната непослушност.

Прочитај повеќе...

Обука за Родово одговорно буџетирање

Пет претставници од Здружението ЕСЕ  присуствуваа на тренинг за Родово одговорно буџетирање во перидотот од 25 - 30 август 2013 година.

Тренингот беше организиран, подготвен и спроведен согласно специфичните потреби за градење на капацитетите на ЕСЕ, со фокус на областите во кои ЕСЕ работи. Притоа беа разработувани повеќе области, како: Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жени; Подготвување на извештаи во сенка кон конвенцијата со фокус на финансиските импликации од нејзиното спроведување; Анализа на буџети од родова перспектива; Aнализа на буџети од аспект на социјални, културни и економски права итн.

Обуката ја спроведе Debbie Budlender меѓународен експерт од оваа област.

Покрај обуката, во овој период заедно со експертот развивме стратегија за имплементација на аспектот на родово одговорно буџетирање како дел од активностите на ЕСЕ.

                                                                   

Анализа на месечниот извештај за реализација на централниот буџет на РМ за период од 01.01.-31.05.2013 г.

Анализа подготвена од Здружението за еманципација солидарност и еднаквост на жените на РМ.

Според месечниот извештај за реализација на централниот буџет објавен од секторот Трезор при Министерството за финансии, во текот на првите пет месеци од 2013 година остварени се вкупно 55.113 милиони денари на ставка вкупни буџетски приходи, што претставува 37% од вкупните проектирани буџетски приходи за 2013 година (147.958 милиони денари).

Во централниот буџет приходите се прибираат во облик на даночни приходи (даноци и придонеси) и неданочни приходи (партизипација од здравствени услуги, парични такси и глоби итн). Па оттука, во првите пет месеци прибрани се вкупно 47.242 милиони денари на конто даночни приходи или 37% од проектираниот износ на даночни приходи (125.555 милиони денари) и 4.051 милиони денари на конто неданочни приходи или 29% од проектираниот износ на неданочни приходи.

Во структурата на даночните приходи најголемо учество бележат приходите прибрани по пат на одданочување и тоа речиси три пати повеќе во однос на приходите прибрани од придонеси. Најголемо учество во вкупните даночни приходи бележи данокот на додадена вредност (данок на потрошувачка) кој е речиси една третина од вкупните даночни приходи.

Додека пак, во текот на првите пет месеци од 2013 година потрошени се вкупно 67.550 милиони денари, што претставува 40% од вкупно проектираните расходи (165.653 милиони денари) за 2013 година. Во овој период Владата на РМ потрошила 18% повеќе средства во однос на средствата кои ги прибрала.  

 

Дводневна обука на тема „Човекови права во здравствена заштита“

Во рамки на иницијативата Човекови права во здравствена заштита спроведувана од страна на Здружение ЕСЕ, а финансиски поддржана од Фондациите отворено општество Њујорк и Фондацијата отворено општество Македонија, во периодот 22 – 23 јуни 2013 година (сабота-недела), во хотел Арка, Скопје, беше одржана дводневна обука на тема „Човекови права во здравствена заштита“.

Целта на обуката беше запознавање на учесниците со правата на пациентите и системот за заштита на правата на пациентите согласно Законот за заштита на правата на пациентите, заштитата на правата на пациентите од областа на здравственото осигурување, улогата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во заштитата на правата на пациентите, заштитата на правата на пациентите на локално ниво – работата на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на град Скопје и казнено-правната заштита на здравјето на луѓето. На обуката беа споделени повеќе примери и случаи од пракса, кои беа дискутирани помеѓу учесниците и обучувачите во насока на нивно решавање.

Повеќе...

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар