Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Корисноста на CEDAW Конвенцијата и усвоените Генерални препораки на Комитетот во однос на постигнување на родова еднаквост во Р. Македонија

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ-ЕСЕ во соработка со IWRAW - International Women’s right Action Watch Asia Pacific,  во период од 15 до 17 мај, 2013 година организираше тридневна работилница на тема: „Корисноста на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на насилство врз жената (CEDAW) и усвоените Генерални препораки на Комитетот во однос на постигнување на родова еднаквост во Република Македонија. Работилница е наменета за граѓански здруженија кои работат на полето на унапредување на човековите права, особено на  полето на унапредување на женските човекови права и постигнување на родова еднаквост.

Оваа работилница е дел од активностите кои ЕСЕ  ги презема на полето на мониторинг на женските човекови права  и независно известување за состојбите пред соодветните меѓународни тела, особено пред Комитетот при Обединетите нации задолжен за следење на имплементацијата на Конвенцијата CEDAW. Имено, на 54-тата сесија на Комитетот одржана оваа година, Република Македонија известуваше  во однос на имплементацијата на одредбите од Конвенцијата (четврти и петти извештај), додека ЕСЕ и Акција Здруженска известија  за состојбите врз основа на подготвениот извештај во сенка. Извештајот во сенка беше подготвен со помош и соработка на дванаесет граѓански организации.

Работилницата имаше за цел да ги унапреди познавањата и вештините  на претставниците на релевантните здруженија на граѓани во однос на корисноста на Конвенцијата,како и да обезбеди широк консултативен процес со цел понатамошно следење на имплементацијата на усвоените заклучни препораки на Комитетот во однос на нашата држава.
 

     

Институционален одговор и организациски политики во однос на насилство на работно место

Истражувањето „Институционален одговор и организациски политики во однос на насилството на работното место“, спроведено во 2012 година од Здружението ЕСЕ, претставува продлабочување на првите истражувачки сознанија за појавите на психичко и сексуално вознемирување на работното место втемелени во истражувањето со наслов "Насилство врз жени на работно место".

Имајќи ги предвид податоците од споменатото теренско истражување за застапеноста на психичкото и сексуалното вознемирување, сметавме дека е исклучително важно да се преземат истражувачки активности во однос на утврдување на институционалната поставеност, формалниот мандат и надлежностите на сите релевантни институции во однос на превенирање и заштита на работниците во случаи на психичко и сексуално вознемирување на работно место, но и уште поважно, нивното фактичко постапување и координација со цел ефикасназаштита на жртвите на вознемирување.

Заклучни согледувања од комбинираниот 4ти и 5ти периодичен извештај за РМ усвоени од CEDAW Комитетот на 54та седница

Комитетот го разгледа комбинираниот четврти и петти периодичен извештај за поранешна Југословенска Република Македонија (CEDAW/C/MKD/4-5) на својата 1115-та и 1116-та средба на 21 февруари 2013. Листата на прашања и одговори на Комитетот се содржани во CEDAW/C/MKD/Q/4-5 и одговорите на Владата на поранешна Југословенска Република Македонија се содржани во CEDAW/C/MKD/Q/4-5/Add.1.

 

Прес конференција и тркалезна маса на тема „Граѓанските организации известија за напредокот на полето на родова еднаквост и дискриминација врз жената пред соодветниот Комитет на ООН во Женева“

ЕСЕ и Акција Здруженска одржаа прес-конференција во четврток, 28 февруари 2013 година, во ГЕМ клубот со почеток од 11 часот.

На прес конференцијата беа презентирани клучните наоди за состојбата на жената во РМ, а говореа Марија Гелевска од ЕСЕ, Марија Савовска од Акција Здруженска и Наташа Бошковска од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

По одржувањето на прес конференцијата, се одржа тркалезна маса наменета за здруженија на граѓани кои работат на полето на унапредување на човековите права и женските човекови права.

Тркалезната маса имаше за цел размена на искуства и сознанија во однос на презентираните состојби за прогресот на полето на родова еднаквост и дискриминација врз жената но и пренесување на искуството од известувањето на здруженијата на граѓани на 54-тата сесија на Комитетот CEDAW.
На истата присуствуваа претставници од следните граѓански организации: ЛИЛ, Здружение за локален рурален развој, ХЕРА, Акција Здруженска, Фондација Отворено Општество Македонија, Ла Страда, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Порака, Национална СОС Линија за заштита од насилство и Центар за човекови права и разрешување на конфликти.
Присутните изразија загриженост во однос на незадоволителниот степен на имплементирање на политиките за родова еднаквост, како и растечкиот тренд на промовирање на патријархални норми и вредности во односите помеѓу мажите и жените во нашата држава.

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар