Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Барање за понуди за организиран транспорт

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАРАТЕЛОТ И ПРОЕКТОТ

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) од Скопје има потреба за организиран транспорт за две обуки за потребите на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” (Grant Contract Ref. No. EuropeAid/151569/ACT/MK).

Мисија на Здружението ЕСЕ и опис на дејноста:

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ го развива и го помага женското и граѓанското лидерство за развој и спроведување на човековите права и социјалната правда во нашето општество.

ЕСЕ се води од својата посветеност кон решенија на проблемите. По пат на промовирање и унапредување на човековите права ја подобруваме социјалната и економската правда, притоа сметајќи дека правата на човекот претставуваат неделив збир од стандарди што треба сите да ги уживаат. Посебно сме посветени на работата на полето на промовирање и унапредување на здравствените  права и правата на жените. Затоа сме фокусирани на две цели – да излеземе во пресрет на итните потреби на граѓаните, посебно на ранливите групи, и да влијаеме при креирањето на одржливи, долгорочни промени. Правиме многу повеќе од документирање, пријавување и осуда на нанесените неправди. Обезбедуваме правна и параправна помош и на тој начин им овозможуваме на граѓаните да ги остварат своите права и  да ги променат условите во кои живеат. Но, уште повеќе, се застапуваме за менување на законите и политиките што влијаат врз спроведувањето на здравствените права и правата на жените. Застапуваме на национално, но, и на меѓународно ниво. Подготвуваме и поднесуваме „извештаи во сенка“ и  други видови документи за спроведување на меѓународните документи за правата на човекот пред одговорните меѓународни тела.

Општа цел на проектот Социјална отчетност за родова еднаквост:

Воспоставување на мрежа на граѓански организации кои ќе работат на промоција на социјалната отчетност како методологија за унапредување на родовата еднаквост.

Специфични цели на проектот Социјална отчетност за родова еднаквост:

- Мониторинг и оценка на ефикасноста и ефективноста при трошењето на средства од Буџетот на РМ при обезбедување на активни мерки за вработување;

- Унапредување на капацитетите на локалните граѓански организации и локалните заедници (жени и мажи) за примена на методологијата на социјална отчетност со цел застапување за унапредување на родовата еднаквост; и

- Зголемување на видливоста на прашањата на транспарентност и отчетност во областа на планирањето и буџетирањето на политиките за родова еднаквост.

Времетраење на проектот: 36 месеци,  од 01 јануари, 2017 година до 31 декември, 2019 година.

 

II. ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПОНУДИТЕ

Ве молиме да ни понудите цени за:

  1. Цена за организиран транспорт на 30 учесници од Скопје (Дрво Декор) до Струмица и враќање до Скопје (Дрво Декор) на следните датуми:

- прва обука поаѓање и пристигнување на 04 октомври 2017 година и враќање на 06 октомври 2017 година;

- втора обука поаѓање и пристигнување на 16 октомври 2017 година и враќање на 18 октомври 2017 година.

  1. Цена за организиран транспорт на 30 учесници од Скопје (Дрво Декор) до Охрид и враќање до Скопје (Дрво Декор) на следните датуми:

- прва обука поаѓање и пристигнување на 04 октомври 2017 година и враќање на 06 октомври 2017 година;

- втора обука поаѓање и пристигнување на 16 октомври 2017 година и враќање на 18 октомври 2017 година.

  1. Цена за организиран транспорт на 30 учесници од Скопје (Дрво Декор) до Гевгелија и враќање до Скопје (Дрво Декор) на следните датуми:

- прва обука поаѓање и пристигнување на 04 октомври 2017 година и враќање на 06 октомври 2017 година;

- втора обука поаѓање и пристигнување на 16 октомври 2017 година и враќање на 18 октомври 2017 година.

  1. Цена за организиран транспорт на 30 учесници од Скопје (Дрво Декор) до Маврово и враќање до Скопје (Дрво Декор) на следните датуми:

- прва обука поаѓање и пристигнување на 04 октомври 2017 година и враќање на 06 октомври 2017 година;

- втора обука поаѓање и пристигнување на 16 октомври 2017 година и враќање на 18 октомври 2017 година.

  1. Цена за организиран транспорт на 30 учесници од Скопје (Дрво Декор) до Дојран и враќање до Скопје (Дрво Декор) на следните датуми:

- прва обука поаѓање и пристигнување на 04 октомври 2017 година и враќање на 06 октомври 2017 година;

- втора обука поаѓање и пристигнување на 16 октомври 2017 година и враќање на 18 октомври 2017 година.

Цените во понудата треба да бидат изразени без ДДВ или било какви други давачки.  

Понудите да ги доставите најдоцна до 29.07.2017.

Со избраниот понудувач, Здружението ЕСЕ ќе склучи договор за соработка во времетраење од денот на склучување до 30 октомври 2017 година.

 

Понудувачите треба да ги исполнат следните критериуми:

- Услови во возилата кои ќе се користат за транспорт;

- Искуство во организиран транспорт на патници;

- Најниска цена.

 

Портфолиото на понудувачите треба да се состои од:

-  Опис на условите во возилата кои ќе се користат за транспорт;

-  Детална писмена понуда, која ќе вклучува и детална финансиска конструкција на понудата,  за секоја од точките наведени во делот II, изразена во МКД;

- Копија од дозвола за вршење на транспорт на патници;

- Копија од тековна состојба.

За сите дополнителни информации и прашања поврзани со набавката Ве молиме да не контактирате во пишана форма на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .


 

Овој проект е поддржан од Европската унија во рамките на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.

Image result for eu flag             Image result for здружение есе              Image result for акција здруженска

Овој проект е финансиран од Европската Унија

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар