Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

Повик за учество на граѓански организации во воведна обука „Активни заедници за отчетни институци“

Здружението за еманципација солидарност и еднаквост - ЕСЕ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска,  во рамките за проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост “,  поддржан од ЕУ преку ИПА Инструментот за граѓанско општество и програма за медиумите 2015 - Поддршка за граѓанските организации во рамките на инструментот за акција во граѓанското општество 2015 објавува:

ПОВИК

за учество на граѓански организации во воведна обука

Активни заедници за отчетни институци“

1.      Општи информации

Воведната обука се организира со цел да се зајакнат капацитетите на локални граѓански организации за примена на методологиите за социјална отчетност, а кои се во функција на застапување на родовата еднаквост во областа на активните мерки за вработување  во општините во кои дејствуваат.

Обуката придонесува во остварување на општата цел на проектот, односно формирање национална граѓанска мрежа од организации кои ќе усвојат рамка за граѓанско учество на жените; ќе користат ефективни методологии за оспособување на жените да ја повикаат владата на одговорност и да побараат отчет за нејзиното работење; и ќе се залагаат за родово-одговорно буџетирање и давање на услуги прилагодени кон потребите на жените.

На повикот можат да се пријават организациите кои се регистрирани и дејствуваат според Законот за здруженија на граѓани и фондации најмалку три (3) години пред датумот на објавување на повикот. На повикот не е дозволено учество на политички партии, профитни организации и граѓански организации кои промовират и користат насилство.

Предност ќе имаат пријавените организации кои работат на промоција на родовата еднаквост и правата на жените од следниве општини: Куманово, Свети Николе, Битола, Струмица, Штип,Тетово, Теарце, Гостивар, Дебар и Кичево.  

Обуката се состои од два тридневни тематски модули на кои ќе можат да учествуваат 10 организации. Секоја од пријавените организации треба да предложи по три претставници/чки од кои се очекува да учествуваат во целокупната програма за обука.

Првиот модул ќе се реализира од 4 до 6 октомври 2017 г.  и ќе опфати содржини поврзани со концептите на родовата еднаквост и активно граѓанство, политиките за вработување, вклучувајќи ги и целите, содржината и начинот на реализација на активните политики и мерки за вработување на РМ.

Вториот модул ќе се реализира од 16-18 октомври 2017 г. и ќе опфати содржини поврзани со концептот и начинот на имплементација на методологиите на социјална отчетност и развивање нацрт планови за практично спроведување на избрани методи.

Организациите кои ќе ја комплетираат воведната обука, ќе се стекнат со право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка која е наменета за практично спроведување на методологиите за социјална отчетност во заедниците во кои дејствуваат, со поддршка и менторство од страна спроведувачите на проектот.

 2.      Инструкции за пријавување

Пријавувањето на учество на обуката се врши преку пријава поднесена од една организација-подносител, со која се номинираат три (3) претставници/чки  кои ќе присуствуваат на сите предвидени денови за обука. 

При номинирањето на учесниците, организацијата треба да ги земе предвид следниве препораки:

- Барем еден/а од пријавените е континуирано активно вклучен/а во реализација или координацијана активностите на организацијата;

- Барем еден/а од пријавените има претходно искуство во теренски активности или познавања на состојбата со невработеноста;

- Барем еден/а од пријавените е припадник/чка и ја познава локална зедница (локација) во која организацијата планира да применува методологии на социјална отчетност;

-  Пријавените не се вработени државни службеници (ЕЛС, Агенцијата за вработување и сл.)

 

По завршувањето на воведната обука, номинираните претставници/чки ќе се стекнат со основни знаења и вештини за понатамошна практична имплементација на методологиите за социјална отчетност.

Трошоците  за учество на обуката, вклучувајќи ги и патните трошоци  за учесниците кои ќе доаѓаат од места различни од локацијата на која се одржува обуката ќе бидат надоместени од страна на организаторот.

Пријавите се поднесуваат по електронски пат на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака "Пријава на повик за учество на обука”.

Пријавата се состои од следниве документи:

1.       Образец за пријавување на организацијата подносител (во прилог на повикот и го пополнува одговорно лице на организацијата) Линк за образецот

2.       Куса биографија за секое од пријавените лица

3.       Копија од решението за регистрација на организацијата издаден од Централен регистер на РМ

 

Краен рок за доставување на пријавите е 15 септември. Пријавите кои не поднесени согласно инструкциите и поднесените по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Потребни појаснувања во врска со повикот можете да добиете по писмен пат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака "Пријава на повик за учество на обука”

 3.      Опис на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“

Општата цел на проектот е да се формира национална граѓанска мрежа заради унапредување на општествената одговорност за родова еднаквост.  Најмалку шест (6) организации-членки на мрежата ќе усвојат рамка за граѓанско учество на жените; ќе користат ефективни методологии за оспособување на жените да ја држат владата на одговорност; и ќе се залагаат за родово-одговорно буџетирање и испорака на услуги прилагодени кон потребите на жените.

Посебните цели на проектот се:

  • Следење и оценување на ефикасноста и ефективноста на буџетските трошоци и обезбедување услуги во областа на активните мерки за вработување;

  • Подигање на капацитетите на локалните НВО и локалните заедници (жените и мажите) за примена на методологии за општествена одговорност при заговарање родова еднаквост; и

  • Подобрување на јавната видливост на прашањата за транспарентност и одговорност во областа на родовото планирање и буџетирање на политиките.    

 Од реализацијата на проектот се очекуваат следниве конкретни резултати:

  • Мапирани релевантни локални и национални институции, како и локалитетите и заедниците;

  • Мониторинг и анализа на најмалку две активни програми за вработување предвидени во годишните Оперативни планови за активни програми и мерки за вработување во две последователни години (2017 и 2018 г.);

  • Мониторинг во заедницата и оцена на избраните активни програми за вработување, вклучувајќи и од родова перспектива;

  • Најмалку 10 невладини организации запознаени и обучени за концептот на општествена одговорност;

  • Грантови обезбедени за најмалку 4 НВО во врска со преземање активности на застапување за родова еднаквост врз основа на собраните наоди за општествена одговорност;

  • Приближно 1600 членови на заедницата (жени и мажи) зајакнати и активно вклучени во активности на застапување;

  • Менторство обезбедено на избраните невладини организации за примена на методологијата за општествена одговорност во областа на активните програми и мерки за вработување;

  • Организирани осум дебати за политиките (по четири годишно) со локалните чинители во секоја од избраните  локални заедници;

  • Организирани две национални конференции (по една годишно); и

  • Организирани две годишни јавни кампањи.

Период на реализација:

јануари 2017-декември 2019

Овој проект е поддржан од Европската унија во рамките на програмата IPA Civil Society Facility and Media rogramme 2015.

Image result for eu flag             Image result for здружение есе              Image result for акција здруженска

Овој проект е финансиран од Европската Унија

За содржината на овој документ целосно се одговорни Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар