Граѓаните и граѓанките на општина Тетово и село Шипковица спроведоа процес на мапирање на заедницата

Во рамки на проектот “Социјална отчетност за родова еднаквост” граѓаните на општина Тетово и село Шипковица спроведоа процес на мапирање на заедницата во кој идентификуваа лица кои се потенцијални корисници, односно корисници на мерките за вработување предвидени со Акцискиот План за вработување на Агенцијата за вработување на РМ за 2017 година. Процесот на мапирање на заедницата е спроведен во организација на Женскиот Форум Тетово, а фацилитиран од Здружението ЕСЕ и Акција Здруженска. Мапирањето на заедницата претставува иницијален чекор во спроведувањето на методологијата за мониторинг во заедницата, која ќе им овозможи на граѓаните активно да учествуваат во следење, мерење и оценка на тековните мерки за вработување кои ги спроведува Агенцијата за вработување на РМ, како и активно да бараат креирање и имплементација на мерки согласно нивните реални потреби. Оваа активност е финансиски поддржана од Европската Унија.

View the embedded image gallery online at:
http://esem.org.mk/index.php/shto-rabotime-sega/2937-gragjanite-i-gragjankite-na-opstina-tetovo-i-selo-sipkovica-sprovedoa-proces-na-mapiranje-na-zaednicata.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page=#sigFreeId07c66a535e