Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

ЕСЕ е дел од работилницата насловена како "Innovative Financing for Global Health, Preparing Communities for Engagement in the Response”

Во периодот од 21 до 22 јуни 2018 година двајца претставници на ЕСЕ беа дел од работилницата за иновативно финансирање на здравствениот сектор на глобално ниво. Работилницата се одржа во Бангкок, Тајланд во организација на Civil Society Sustainability Network, APCASO и Global Network of People Living with HIV, а на истата присуствуваа повеќе од 20 претставници на граѓански и меѓународни организации. 

За време на работилницата беше дискутирано на повеќе теми од оваа област, меѓу кои: методи на иновативно финансирање, одржливо финансирање за обезбедување на универзална покриеност со здравствена заштита, развојна помош, такси за финансиски трансакции, социјално партнерство на јавни здравствени установи и граѓански организации, обврзници со социјален и развоен импакт итн.

 

 

Фискална Транспарентност

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар