Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

Почеток на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“

Скопје, 10.09.2018 година

Почеток на граѓанската кампања

„Зачекори напред! Изборот е твој“

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“, започнува информативна кампања преку која, во наредните три недели, на граѓаните ќе им овозможи подобар пристап до релевантни информации поврзани со придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО.

Под слоганот „Зачекори напред! Изборот е твој“, граѓанските организации носители на иницијативата, преку серија јавни и медиумски активности, ќе се обидат на граѓаните, да им ја доближат Европската Унија и нејзините политики, како и да одговорат на бројните прашања поврзани со тоа што треба да направи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и што ќе добие со евроатланската интеграција.

Кампањата ќе се одвива на национално ниво и ќе содржи различни аудио-визуелни материјали (ТВ спотови, анимации, фото факти и др.) кои ќе се објавуваат на телевизиите, радио станиците, социјалните мрежи, а ќе бидат поставени и билборди. Истовремено ќе се организираат низа медиумски и јавни дебати, директни средби со граѓаните, промоции на книги и др.

Во рамки на кампањата ќе бидат објавени и две изданија на весникот „ЕУрека“, кој ќе биде бесплатен и ќе биде достапен на најфреквентните места низ државава. Редакцијата на весникот ја сочинуваат познати новинарски имиња (Сашо Кокаланов, Ида Протуѓер, Среќко Поповски, Владимир Мирчески, Горан Наумовски и Јован Постолоски).  Првиот број на „ЕУрека“ е објавен денеска, а вториот број ќе биде објавен после 22 септември.  Весникот има македонска и албанска верзија, со вкупен тираж од 55.000 примероци. Електронската верзија на „ЕУрека“, како и сите информации и материјали поврзани со кампањата се достапни на интернет страницата: www.zacekorinapred.mk.

Носители на граѓанската иницијатива се: Фондација Отворено општество - Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Младински образовен форум (МОФ), Цивил - Центар за слобода, ЕСЕ - Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, Рурална коалиција, Асоцијација за здравствена едукација и истражување - ХЕРА и  Центар за современи уметности.

Лице за контакт: Ана Андреева, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

СООПШТЕНИЕ - Почеток на граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар