Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Реакција на изјавата за медиуми на Министерот за здравство, д-р. Венко Филипче дадена по повод светскиот ден за борба против карциномот на 04.02.2018

Министерот за здравство, д-р, Венко Филипче, во изјавата дадена за медиумите по повод „Светскиот ден за борба против карцином“ вели дека со цел намалување на стапката на смртност од карцином, министерството ќе превземе активности за набавка на нови мамографи и укинување на партиципацијата за лекување.

Здружението ЕСЕ смета дека ваквиот пристап на министерството, во изнаоѓање на решенија за намалување на стапката на смртност од карцином, ќе создаде дополнителен финансиски товар на и така несолвентниот здравствен систем, како и дополнително оптоварување на терциерното ниво на здравствена заштита. Затоа препорачуваме да се превземат конкретни чекори, односно да се изработат апликативни политики, за зголемување на износот на средства, кои од буџетот на министерството, ќе се издвојуваат за превентивна здравствена заштита и подобрување на нивото на имплементација на усвоените мерки. Па така, за организиран скрининг на карцином на грло на матка да се издвојат 884 илјади ЕУР на годишно ниво (само 0.8% од вкупниот буџет на министерството), да се обезбедат државни специјализации за гинеколози во примарна здравствена заштита кои ќе работат во места каде нема или пак нема доволен број на гинеколози, да се обезбеди едукација на лица кои ќе вршат цитолошки прегледи, да се подобри здравствена статистика, да се координира организираниот скрининг на карцином на грло на матка, итн.

Важно е да се напомене дека постапките за набавка на материјали и опрема и кратење на основните извори на средства во финансирањето на здравствената заштита, се неосновани во услови кога здравствениот систем се соочува за проблеми во обезбедувањето на здравствените услуги на граѓаните, заради недостаток на средства и кадар и несоодветна поставеност и спроведување на здравствените политики. Дополнително, важно е да се истакне тоа дека, од 2010 година па наваму,се набавени и инсталирани апарати за спроведување на мамографски прегледи во јавните здравствени установи во рамки на проектот „Рехабилитација на јавни здравствени установи – Фаза 1 и 2“ вреден 231 милион ЕУР; а пак, укинувањето на партиципацијата за лекување во време кога економијата не создава зголемен приход во буџетот на државата ќе доведе до кратење на основните здравствени услуги за граѓаните во иднина заради недостаток на средства во буџетот и дополнителен товар на граѓаните заради зголемување на јавните давачки или пак задолжување.

Линк до изјавата: https://www.facebook.com/esem.org.mk/videos/380909102694187/

Со почит,

м-р. Дарко Антиќ

Координатор на програмата „мониторинг и анализа на буџети“

 

Реакција на изјавата за медиуми на Министерот за здравство, д-р. Венко Филипче дадена по повод светскиот ден за борба против карциномот на 04.02.2018

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар