Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Национален форум: Промовирање на извештај за владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите како една од Целите за одржлив развој

Препознавајќи го значењето на пристапот до правда како посебна развојна цел, Здружението ЕСЕ и Коалиција Маргини, со финансиска поддршка од Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ) организираше национален форум за презентирање на извештајот за имплементирањето на оддржливата развојна цел на Обединети Нации „Промовирање на владеењето на правото и обезбедување на еднаков пристап до правда за сите“.

Целите за одржлив развој (SDG's) претставуваат глобален повик за акција на ОН за да се стави крај на екстремната сиромаштија, да се обезбеди одржлива иднина, заштита на животната средина и да се овозможи луѓето да уживаат еднаквост мир и правда. Притоа,  пристапот до правда е препознаена како посебна оддржлива развојна цел, чија имплементација директно придонесува за економскиот развој на општеството.

Националниот форум се оддржа на ден 14ти февруари 2019 година, од 12:00 до 14:00 часот и на истиот беа презентирани главните наоди од извештајот, на кој учество земаа над 40 претставници на владата, министерствата, институциите, граѓанските организации и меѓународните организации кои работат на ова поле.

Фотографии од настанот на следниов линк:

https://www.flickr.com/photos/fosim/albums/72157676511425607

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар