Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

Проект: „Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда“

Здружението ЕСЕ беше дел од информативната средба за граѓански организации вклучени во проектот  на Асоцијацијата Сонце од Тетово ,,Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда“, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија - ФООМ.

На средбата, претставникот на ФООМ ги информираше учесниците за поддршката која ФООМ ја обезбедува генерално во рамките на мрежната стратегија за правно зајакнување, како и поддршката за оваа иницијатива.

Претставниците на Асоцијацијата Сонце дадоа осврт на претходно постигнатите резултати на ова поле, при што нагласија дека  овој проект ќе  овозможи понатамошно јакнење на капацитетите на  веќе воспоставените структури, како што се медијаторите и локалните акциски групи во заедниците во кои работат.

Од страна на ЕСЕ беше нагласено значењето на пристапот до правда и потребата за градење на капацитети на ова поле, при што ја објасни улогата на ЕСЕ во однос на јакнење на капацитетите на ГО и и ЕЛС во однос примената на пристапите на социјална отчетност и правно зајакнување за решавање на проблемите на локалното население.

На средбата се обратија: Сузана Велковска, координаторка во ФООМ; Ферди Исмаили, извршен директор на Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово; Алмира Реџепи Усеин, Раководител на проектот - Асоцијација Сонце; Јасминка  Фришчиќ, Извршна Директорка, Стојан Мишев, Координатор на проект, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ. Истата се одржа на 15.02.2019 година во 12.00 часот во ГЕМ Клуб- Менада.

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар