Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

Информација за медиуми - Планирање и спроведување на првиот и вториот пакет на економски мерки

Предмет: Информација за медиуми

 

Пандемијата предизвикана од COVID – 19 вирусот создаде досега невидени предизвици со изразени социо-економски последици, a најголемо влијание имаше врз малите и средни бизниси, особено оние кои се занимаваат со занаетчиство, трговија, турзам, угостителство, итн. Кризата особено влијаеше врз фирми основани и водени од едно лице, а особено врз оние управувани од жени (53% од лицата кои се стекнале со статус на невработени во април, 2020 година се жени), како и врз лица кои работат неформални бизниси или се корисници на социјални бенефиции.

Владата на РСМ во два наврати донесе пакети на економски мерки чиј износ не е познат, а пак третиот пакет мерки во вредност од 355 милиони евра е донесен на 17 мај, 2020 година  но не е сеуште операционализиран.

Како и да е, и покрај широките консултации за кои зборуваше Владата, за првиот и вториот пакет мерки, во стручната јавноста се водат низа на дебати за оправданоста и ефикасноста на донесените економски мерки, а пак помеѓу граѓаните се зборува за потешкотии во пристап до мерките и несоодветност на обезбедената помош.

Нивото на реализација на сетот економски мерки, особено од аспект на износот на потрошени средства,  не може да се утврди од информациите кои се јавно достапниЗа повеќе од 60% од усвоените економски мерки нема никакви информации за планираниот опфат на граѓани/компании, а пак за повеќе од 70% нема информации за реализираниот опфат и потрошените средства.

За дел од мерките постојат различни јавно достапни информации. На пример, на 06 мај министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека за мерката “14.500 денари за исплата на месечна плата” аплицирале 19.000 компании[1], за три дена подоцна министерството за финансии да објави дека за оваа мерка се пријавени околу 24.000 компании[2], а за шест дена подоцна да објави дека аплицирале 16.546 компании.  Целата состојба да стане поконфузна Владата на 10 мај објави дека за оваа мерка доделена е помош на 21.542[3] компании. Практично, за една иста мерка во јавноста се презентираат четири различни информации.

Според јавно достапните податоци:

- помошта од 14.500 денари месечно за плата по вработен  ја искористиле 21.542 компании или пак 61% од планираниот број на компании, без да се знае колкав е бројот на вработени кои имале бенефит од оваа мерка и колку средства се потрошени за нејзиното спроведување.

- помошта од 14.500 денари за плата месечно за спортисти ја искористиле 855 спортски работници во износ од 180 илјади евра за месец април 2020 година, без да се знае колкав е бројот на спортски работници кои имаат потреба од оваа мерка и колку средства се издвоени за нејзиното реализирање.

- финансиската поддршка во износ од 14.500 денари за самостојни вршители на дејност ја искористиле 5.840 правни лица што за два месеци приближно би изнесувало 1.4 милиони евра. Како и да е, од информациите кои се јавно достапни не може да се утврди дали Владата направила проценка на бројот на правни лица кои ќе имаат потреба од оваа мерка и колку средства се издвоени за спроведувањето на истата. 

- бескаматни кредити од кредитната линија ковид 1 добиле 738 компании во износ од 5.5 милиони евра, што претставува 40% од издвоениот износ на средства со оваа кредитна линија и кредитната линија ковид 2.  

 

Повеќе информации можете да добиете на следните линкови:

1. Инфографик  -  http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-publikacii/3633-ekonomski-merki-za-spravuvanje-so-krizata-predizvikana-od-covid-19.html

2. Целосна анализа -  http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-publikacii/3632-planiranjeto-i-sproveduvanjeto-na-prviot-i-vtoriot-paket-ekonomski-merki-bea-poveke-zbunuvacki-i-zatskrieni-otkolku-“navremeni-i-seriozni”,-a-pak-tretiot-paket-senzacionalen.html

 

Лице за контакт: Дарко Антиќ, програмски координатор, Здружение ЕСЕ, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , +389 2 3298 295.



[1] Facebook статус на министерот за економија.

[3] Facebook статус на министерката за финансии.

 

Информација за медиуми – 21.05.2020

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар