Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

Повик за ангажирање на компанија за осмислување и изработка на едукативни видеа и дебати

Оваа активност е дел од проектот „Give Priority to Gender Equality, поддржан со грант од ЕУ, референтен бр. IPA/2019/413-755. Основна цел на проектот е унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности за ранливите групи на граѓани во областа на социјалните и економските права, односно во областа на родово засновано насилство, вработување и вработливост, здравствени права, пристап до правда и пристап до фискална транспарентност. Конкретно, овој повик за прибирање на понуди е подготвен во рамките на Стратешка цел 3. Унапредување на нивото на фискална транспарентност на јавните институции од областа на економските и социјалните права.

Фискалната транспарентност на јавните институции во Република Северна Македонија редовно се оценува како несоодветна, како од граѓанскиот сектор и така и од релевантните меѓународни организации и институции.Имено, Извештајот за фискалната транспарентност што го подготвува Стејт Департментот на САД, Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија што го подготвува Европската комисија, Индексот за отворен буџет на Меѓународното партнерство за буџети, и многу други релевантни извори, ја потврдуваат ваквата оценка.

Според делот за Македонија од Извештајот за фискалната транспарентност на Стејт Департментот, објавен од Амбасадата на САД, земјата ги исполнува минималните барања за буџетска транспарентност. Буџетот на Република Северна Македонија, вклучително и податоците за јавниот долг, се јавно достапни и јасно ги презентираат планирани трошоци, по категорија и по институција. Сепак, според завршните буџетски сметки, реализираните приходи и расходи во годината не соодветствуваат со она што било планирано во усвоениот буџет. Независниот Државен завод за ревизија редовно ги објавува наодите од своите ревизии, при што извештаите од ревизијата постојано упатуваат на недоследности во работата на јавните институции и даваат препораки за надминување на идентификуваните нерегуларности. Извештаите на Државниот завод за ревизија редовно се разгледуваат во Собранието на Република Македонија, но и покрај тоа не се преземаат никакви мерки за нивно спроведување. Од друга страна, независниот државен ревизор нема институционална моќ и овластувања за да покрене правна акција против јавните институции кои не работат во согласност со законот. Тоа, заедно со критиките за начинот на кој се спроведуваат јавните набавки, се клучните фактори кои ја ставаат Република Северна Македонија во категоријата на земји кои ги исполнуваат минимум стандарди за фискална транспарентност.

Негативната оценка и препораки за итно подобрување на состојбата со буџетската транспарентност на земјата редовно се дел од Извештаите за напредокот на Европската комисија. На пример, во Извештајот за напредокот за 2019 година се вели дека „е постигнат напредок во подобрувањето на буџетската транспарентност преку објавување на граѓански буџет и зголемување на обемот на податоци за буџетите“. но, „Транспарентноста на буџетот и одговорноста на управувањето со јавните фондови треба да се обезбедат преку ефикасно следење од извршната власт и парламентот. Ова вклучува следење на препораките на Државниот завод за ревизија. “. Покрај тоа, во извештајот се вели дека „Собранието треба да продолжи да работи на ефикасноста на демократскиот политички систем, вклучително и за имплементацијата на препораките од групата на држави против корупцијата (препораки на ГРЕКО за транспарентност на партиското финансирање) и „транспарентноста во финансирањето на политичките партии треба да се подобрат “.

Во Северна Македонија не постојат ефикасни и ефективни механизми за следење на извршувањето на буџетот и за оценка на ефикасноста и ефективноста на владините политики. Дополнително, системот на јавни набавки и начинот на кој тие се спроведуваат мора да се зајакнат за да се обезбеди транспарентност, ефикасност и ефективност, и да се решат наводите за корупција и за прекршување на принципот за еднаков пристап до и еднаков третман на учесниците во јавните набавки.

Дополнително, за контекстот можете да се информирате од стратешкиот план на ЕСЕ  достапен на следниот линк:

 http://www.esem.org.mk/pdf/Za%20nas/Strateski%20plan/ESE%20SP%202020-2024_Final%20with%20budget.pdf. Односно, содржините и публикациите објавени во секцијата фискална транспарентност објавени на селдните линкови:

http://www.esem.org.mk/index.php/biblioteka/site-publikacii-i-izdanija.html и http://www.esem.org.mk/index.php/prasanja-na-koi-rabotime.html.

Недоволната писменост-информираноста на граѓаните за своите права за следење и учество во фискалното работење на јавните институции, како и непостоењето на простор за учество на граѓаните во дискусија со нивните јавни избраници, доведе до потребата за креирање на две едукативни видеа и организирање на две дебати.

1.1. Основна цел и посебни цели


Основна цел на овој ангажман е осмислување, изработка и промовирање на две едукативни видеа и две дебати за информирање и вклучување на граѓаните во следењето и креирањето на фискалното работење на јавните институции на теми кои ќе бидат дополнително утврдени.

1.2.  Ангажман и работни задачи 

Едукативните видеа се наменети за пошироката јавност, па оттука треба да бидат изработени на едноставен и разбирлив јазик. Видеата треба да бидат изработени како анимирани видеа со cover на  македонски јазик, во формат со висока HD резолуција, да траат најмалку 3 мин., содржат sub-title на македонски јазик и синхронизација на знаковен јазик. Како формат кој треба да се следи во изработката ви доставуваме линкови до ваков вид на едукативни видеа: https://www.youtube.com/watch?v=auKpdPJGe1E, https://www.youtube.com/user/medicusmundiCat/videos

Додека пак, дебатите треба да бидат организирани помеѓу двајца експерти/претставници на јавни институции, кои ќе  дискутираат на зададена тема и ќе одговараат на прашања поставени од граѓани преку социјални медиуми. Секоја дебатата потребно е да ја води модератор-новинар кој во најавата на дебата потребно е да даде вовед на темата согласно наодите од работењето на ЕСЕ и го претставува проектот во чии рамки се организира дебатата. Дебатите потребно е да се емитуваат оn-line преку социјалните медиуми на ЕСЕ и да бидат снимени во студио или пак  со користење на програма за комуникација која дозволува снимање[1]. Видео материјалот од дебатите кој ќе се емитува потребно е да биде во траење од најмалку 20 мин. и во висока HD резолуција.

Компанијата која ќе биде избрана на овој повик треба:

-          да развие анкета, која ќе се спроведува преку социјалните медиуми на ЕСЕ, во насока на утврдување на темите од интерес на јавноста во областа на фискалната транспарентност, а врз основа на чии резултати ќе се идентификуваат темите на видеата и дебатите.

-          да подготви сценарио, за видеата и дебатите согласно договорените теми со ЕСЕ и во соработка до локални експерти од областа.

-          идентификува и покани експерти или претставници на јавните институции кој ќе дебатираат на утврдената тема.  

-          да развие прашалник за консултација со граѓани кој ќе се спроведе преку социјалните медиуми на ЕСЕ за прибирање на прашања од граѓани  кои ќе се користат за фацилитирање на дебатите.

-          технички да подготви видеа, а пак дебатите покрај техничката подготовка и да ги емитува на социјалните медиуми на ЕСЕ.

1.3. Искуство на компанијата

-          најмалку 5 години работно искуство во креирање на медиумски содржини од социјален карактер.

-          искуство во работа со граѓански организации.

-          искуство во подготовка на медиумски содржини за едукација на јавноста на различни теми.

-          најмалку еден вработени со искуство подолго од 3 години во креирање на медиумски содржини од социјален карактер.

1.4. Потребни документи за аплицирање на повикот

-          тековна состојба не постара од 6 месеци

-          референтна листа на клиенти, со издвојување на листа на граѓански организации

-          доколку има линкови до најмалку 3 едукативни видеа.

-          биографии од вработените во компанијата, со назначување на лицата кои ќе работат на оваа работна задача.

-          понуда која ќе вклучува само финансиска конструкција. 

Потребните документи се доставуваат на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака “Повик за изработка на видеа и дебати” најдоцна до 20 јули 2020 година.

1.6. Буџет и временска рамка 

За ангажманот на компанијата е предвиден финансиски надомест во вкупен бруто износ од 3.444 ЕУР, во денарска против вредност пресметан  според курсот користен за известување пред ЕУ.  Овој износ се предвидува 3.052 ЕУР за ангажман на компанијата и 392 ЕУР ангажман на едукатори. Ангажманот на компанијата ќе трае вкупно 16 работни денови во траење до декември, 2020 година.

Период на имплементација на работните задачи од страна на компанијата е следниот:

-          едукативни видеа: август – октомври, 2020 година

-          дебати: октомври - декември, 2020 година.

 

Повик за ангажирање на компанија за осмислување и изработка на едукативни видеа и дебати



[1] Начинот на организирање ќе биде предмет на договор со ЕСЕ, а најмногу ќе зависи од тековната состојба во државата поврзана со пандемијата од КОВИД – 19.

 

 

 

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар