Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

Услови за ангажман на експерти - Подготовка на план на активности за унапредување на пристапот до правда за ранливи групи на граѓани

Република Северна Македонија е потписник на Резолуцијата на ООН со што е обврзана да презема акции во насока на усогласување на националните закони и политики со меѓународно ратификуваните договори и заложбите за глобален развој кои произлегуваат од овој документ. Една од 17-те цели е Промовирање на мирни и  инклузивни општества за одржлив развој, да се обезбеди правда за сите и градење на ефективни, отчетни и инклузивни институции на сите нивоа. Потцелта 16.3 Промовирање на владеење на правото на национално и меѓународно ниво и  обезбедување на еднаков пристап до правда за сите бара од државите да го опфаќаат и пристапот до правда и иницијативите за правно зајакнување како составен дел од економскиот раст и развој и стратегиите за надминување на сиромаштијата.

За Целта 16.3 предложени се индикатори како глобална одредници за следење на прогресот на оваа стратешка цел, но секако потребно е креирање и дополнителни индикатори кои ќе дадат релевантни податоци за владеењето на правото и пристапот до правдата релевантни за нашиот контекст. Со оглед на комплексноста и политичката природа на аспектите од Целта 16.3, овој процес ќе подразбира одредување на националните индикатори  преку вклучување на сите засегнати страни преку процеси на национални консултации и дискусии со релевантните државни институции.

Во оваа насока во текот на 2018, ЕСЕ и МАРГИНИ подготвија анализа на достапните податоци преку кои може да се мери степенот на имплементација на потцелта 16.3 на национално ниво. Анализата идентификуваше проблеми што постојат, недостатоци на јасни и конзистентни податоци преку кои може да се мери пристапот до правда и владеењето на правото.  Во 2019 година подготвија план за имплементација на 16.3 преку идентификувани проблеми, предлог решенија на проблемите, надлежни институции и рокови за реализација на активностите. Дел од активностите беа насочени кон информирање на засегнатите институции за важноста од преточување на одржливите цели и подготовка на план за имплементација на Цел 16.3.

Знаењето и искуството што ЕСЕ и МАРГИНИ го имаат во работа со маргинализираните заедници е важен аспект во спроведувањето на активностите чија крајна цел е подобрување на пристапот до правдата за сите, вклучувајќи ги и најранливите.  Исклучително е важен придонесот на другите граѓански организации како во однос на планирањето на идните акции и утврдувањето на соодветни мерливи индикатори соодветни на националниот контекст, така и во однос на постојано следење на напредокот на државата во остварување на зацртаните развојни цели како една од основните претпоставки за инклузивен и одржлив развој. Поради ова, оваа година активностите се фокусирани на идентификувањето на специфични мерки и активности насочени кон подобрување на пристапот до правдата на ранливите граѓани со кои работат здруженијата.

1.1. Основна цел и посебни цели

Основна цел на оваа иницијатива е унапредувањето на пристапот до правда за ранливите групи на граѓани.

Посебна цел:

Подготовка на план за акција за унапредување на пристапот до правда во согласност со ЦОР 16.3.

1.2 Ангажман и работни задачи на експертот

За спроведување на посебната цел, предвидено е ангажирање на надворешен експерт кој во соработка со ЕСЕ и МАРГИНИ ќе работи на подготовка на планот за акција за унапредување на пристапот до правда во согласност со ЦОР 16.3.

Планот се подготвува со цел да се утврдат пречките со кои се соочуваат различните ранливи групи на граѓани и да се утврдат мерки и активности за унапредување на истиот.

При подготовка на планот ќе бидат земени предвид спецификите на ранливите групи на граѓани во однос на пристапот до правда, соодветно на видовите на правни проблеми со кои се соочуваат.

Подготовката на планот ќе се заснова на досега преземените активности од страна на државата и ГО кои работата на ова прашање. Исто така ќе бидат и разгледани сите глобални и регионални иницијативи и проекти кои се однесуваат на унапредување на пристапот до правда.

Сите релевантни прашања ќе бидат договорени во консултации помеѓу ЕСЕ  и МАРГИНИ.

Со цел подготовка на планот експертот ќе треба да ги преземе следните активности:

- да ги анализира постоечките анализи за пристап до правда за ранливите групи на граѓани во земјата;

- да ги анализира подготвените анализи и планови поврзани со ЦОР 16.3

- да подготви методологија, односно методологија за подготовка на планот

- да подготви инструменти за прибирање на податоци од ГО кои работат со ранливите групи на граѓани во однос на пристапот до правда, а кои ќе бидат претходно идентификувани од ЕСЕ и МАРГИНИ

- да ги анализира собраните податоци и да ги преточи во мерки на активности за унапредување на пристапот до правда за секоја ранлива група одделно

- да подготви општ план на мерки на активности за сите ранливи групи.

1.3.  Продукти

Како резултат на предвидениот ангажман, експертот треба да ги подготви следните продукти:

- Методологија за подготовка на планот, вклучувајќи ги сите потребни инструменти за собирање и обработка на податоците

- Специфични планови на мерки и активности за секоја ранлива група одделно и

- Општ план на мерки и активности за сите групи заедно

1.4.  Квалификации на експертот

Експертот треба да ги има следните квалификации:

  • Доктор на правни науки;
  • Најмалку 5 години искуство во работа на областите  на човековите права и пристапот до правда;
  • Докажано искуство во обезбедување на услуги за пристап до правда и соработка со ГО кои работата на унапредување на состојбите со човековите права на ранливите групи на граѓани.

1.5. Буџет и временска рамка

За ангажманот на експертот е предвиден финансиски надомест во вкупен бруто износ од 1.428 ЕУР, во денарска противвредност пресметана на денот на исплата. Ангажманот на експертот ќе трае вкупно осум работни денови.

Период на имплементација на работните задачи од страна на експертот е три месеци, односно септември, октомври и ноември2020 година.

1.6.  Потребана документација за аплицирање

- Кратка биографија

- Листа на проекти на обезбедување на услуги за пристап до правда и соработка со ГО кои работата на   унапредување на состојбите со човековите права на ранливите групи на граѓани.

 

Потребните документи се доставуваат на е-маил  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака “Повик за изработка на план за унапредување на пристапот до правда” најдоцна до 19 август 2020 година.

Услови за ангажман на експерти - Подготовка на план на активности за унапредување на пристапот до правда за ранливи групи на граѓани

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар