Здружение ЕСЕ

ЕСЕ

   Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

 

 

 

 

Услови за ангажман на експерти

Подготовка на инструмент за следење на родовата еднаквост во судовите и јавните обвинителства

Во Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 и Одлуката на Владата за приоритетите на Владата за 2020 година[1], реформата на правосудниот систем е издвоена како еден од стратешките приоритети на државата. За потребите на најавените реформи, во 2019 година со поддршка на Британска амбасада Скопје и PricewaterhouseCoopers Macedonia беа подготвени функционални анализи за Апелационите судови, Врховниот суд и Јавното обвинителство во Р.С.Македонија, како и Планови за подобрување  на состојбите во наведените правосудни институции.  Во процесот на подготовка на функционалните анализи и плановите за подобрување, прашањето на родовата еднаквост беше издвоено како посебно прашање, што резултираше во дефинирање на посебен сет на препораки за унапредувањето на состојбите со родовата еднаквост во судскиот и јавнообвинителскиот систем.

Здружението ЕСЕ беше вклучено во подготовката на делот за родовата еднаквост во рамките на функционалните анализи и развиените планови за подобрување на судството и јавното обвинителство. Со анализите и плановите за подобрување беа опфатени следните приоритетни области од работата на судството и јавното обвинителство: внатрешна организација; независност и непристрасност; човечки ресурси; ефикасност и квалитет на работа; транспарентност и отчетност; и услови за работа.  Подготвените анализи укажаа на низа слабости и пречки постигнување на родовата еднаквост од аспект нa даватели или носители на правда.

Оттаму, како последователна активност во рамките на стратешкиот план на ЕСЕ 2020-2024 планирано е следење на состојбите со родовата еднаквост во судството и јавното обвинителство врз основа на наодите од функционалните анализи и препораките во плановите за подобрување.  Операционализирањето на оваа активност е предвидена во рамките на институционалниот грант „Give Priority to Gender Equality”, кој ЕСЕ го спроведува со поддршка на Европска Комисија под референтен број EuropeAid/164650/DD/OPR/MK.

1.1. Основна цел и посебни цели

Основна цел на оваа иницијатива е унапредувањето на родовата еднаквост во правосудството.

Посебни цели:

  • Подготовка на инструмент за следење на родовата еднаквост во судовите од аспект на давателите или носителите на правда и
  • Подготовка на инструмент за следење на родовата еднаквост во јавното обвинителство на давателите или носителите на правда.

1.2. Ангажман и работни задачи на експертот

За спроведување на посебната цел, предвидено е ангажирање на надворешен експерт кој во соработка со ЕСЕ ќе работи на подготовка на инструменти за следење на родова еднаквост од страна на судовите и јавните обвинителства од аспект на даватели на правда.

При подготовка на инструментите експертот ќе ги земе предвид претходно подготвените анализи и наоди, како и на други меѓународни и национални инцијативи за следење на состојбите со родова еднаквост во правосудството од аспект на даватели или носители на правда.

Со цел подготовка на инструментите за следење, експертот ќе треба да ги преземе следните активности:

  • да ги анализира наодите од постоечките функционални анализи и предвидените мерки во плановите за подобрување на родовата еднаквост во Апелационите судови, Врховен суд и системот на Јавното обвинителство (јавното обвинителство, јавнообвинителската служба и Советот на јавни обвинители);
  •  да ги анализира подготвените анализи и извештаи за состојбата на родова еднаквост во правосудството, воопшто ;
  • да подготви краток извештај за наодите од двата вида на анализи;
  • да подготви инструменти за следење на состојбите со родовата еднаквост во судството и јавното обвинителство.

1.3.  Продукти

Како резултат на предвидениот ангажман, експертот треба да ги подготви следните продукти:

  • краток извештај за состојбите и појдовните основи за развивање на инструментите за следење на родовата еднаквост;
  • инструменти за следење на состојбите со родовата еднаквост во судството;
  • инструменти за следење на состојбите со родовата еднаквост во јавното обвинителство. 

1.4.  Квалификации на експертот

Експертот треба да ги има следните квалификации:

  • Образование од правни науки;
  • Најмалку 10 години искуство во работа на родова еднаквост ;
  • Докажано искуство во спроведување на анализи и развивање на методологии и инструменти за собирање на податоци и следење на состојбите во областа на  родовата еднаквост и особено на родовата еднаквост и правосудството. 

1.5. Буџет и временска рамка

За ангажманот на експертот е предвиден финансиски надомест во вкупен бруто износ од 900 ЕУР, во денарска противвредност пресметана на денот на исплата. Ангажманот на експертот ќе трае вкупно 5 работни денови.

Период на имплементација на работните задачи од страна на експертот е два месеци, односно октомври и ноември 2020 година.

1.6.  Потребана документација за аплицирање

- Кратка биографија

- Листа на проекти поврзани со спроведување на анализи и развивање на методологии и инструменти за собирање на податоци и следење на состојбите во областа на  родовата еднаквост.  

 

Потребните документи се доставуваат на е-маил  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  со назнака “Повик за изработка на инструмент со индикатори за следење на планови за подобрување на родовата еднаквост“ најдоцна до 29ти септември 2020 година. 



[1] Одлука за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Р.С.Македонија за 2020 година, достапна на https://dejure.mk/zakon/odluka-za-utvrduvanje-na-strateshkite-prioriteti-na-vladata-na-republika-severna-makedonija-vo-2020-godina

 

 

Фискална Транспарентност

Социјална отчетност за родова еднаквост

Човекови права во здравствена заштита

Семејно насилство 

Центар за правна помош

Здравствен информативен центар